Драги Митревски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 15 септември 1959
Долно Дупени, ресенско, Македонија Македонија
Националност македонец
Занимање археолог и професор
Сопружник Валентина Божиновска
Деца 3


Драги Митревски (Долно Дупени, Ресенско, 15 септември 1959) е македонски археолог, познат по тоа што прв открил монета на Филип Втори во Македонија.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Митревски е роден е на 15 септември 1957 година во преспанското село Долно Дупени. Средното гимназиско образование го стекнал во Скопје, а Историја на уметноста со археологија завршил на Филозофскиот факултет во Скопје во 1981 година. Од 1982 година се вработил во Музејот на Македонија како кустос - археолог за желено време, а од 1995 предава Праисториска археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1990 година магистрирал на Филозофскиот факултет, катедра за археологија на Универзитетот во Белград, на полето на праисториската археологија. Докторатот го стекнал во 1995 година на Филозофскиот факултет во Скопје на Институтот за историја на уметноста со археологија. Од 1997 година престојува на Бостонскиот универзитет во САД, користејќи ја т.н. Фулбрајтова стипендија за постдокторски престој.

Митревки од 1998 година, па до 2001 бил директор е на Музејот на Македонија во Скопје, за потоа да стане редовен професор на Филозофскиот факултет, Институт за историја на уметност со археологија. Од 2007 е раководител на Институт за историја на уметност со археологија.[2] Со свои предавања учествувал на голем број научни собири и конгреси во Македонија и надвор од неа. Женет е со познатата македонска глумица и политичарка, Валентина Божиновска и имаат една ќерка. Од претходниот брак има две ќерки.[3]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Некропола од железното време во Долно Повардарjе, 1991

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Narodna i univerzitetska biblioteka "Kliment Ohridski"--Skopje (1998). Makedonska bibliografija: Statii i prilozi, Issues 3-4. NUB "Kliment Ohridski". 
  2. "НАСТАВЕН КАДАР НА ИНСТИТУТОТ ЗА ИСТОРИЈА НА УМЕТНОСТ И АРХЕОЛОГИЈА:" (македонски). Филозофски факултет. Петок, 16 Октомври 2009. конс. 2010-08-14. 
  3. Валентина на Белото Море“, Вест, 14 август 2010 (посет. 14 август 2010 г). (на македонски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]