Драги Џон (филм од 2010 година)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Драги Џон)
Прејди на: содржини, барај
„Драги Џон“
Драг Џон.jpg
рекламен постер
Режисер Лас Халстром
Продуцент Марти Бовен
Вик Годфреј
Рајн Каванаф
Сценарист Џеми Линден
Настапуваат Аманда Сејфред
Ченинг Татум
Хенри Томас
Ричард Џенкинс
Скот Портер
Монтажа Кристина Боден
Студио Relativity Media
Дистрибутер Скрин Џемс
Премиера 5 фебруари 2010
Времетраење 107 minutes
Држава САД
Јазик англиски
Буџет $25,000,000
Бруто заработка $114,977,104

Драг Џон е американска романтична драма од 2010 година, филм за војна, во кој главните улоги ги играат Шанинг Татум и Аманда Сејфрид. Театрално за прв пат е прикажан во северна Америка на 5 фебруари 2010 година. Филмот е режиран од Леси Хелстром и е прилагодување на романот со исто име од Николас Спаркс. Овој драматичен филм со многу чувства е првото прилагодување на филм од Спаркс кој не е произведен од Варнер Брос. Се следи животот на еден војник (Шанинг Татум) откако тој ќе се вљуби во млада жена (Аманда Сејфрид). Тие одлучуваат да си разменуваат писма откако тој ќе биде ангажиран во војната.

И покрај негативните критики, филмот собрал многу финансии, туркајќи го Аватар по седум викенди на првото место со бруто заработувачка од 112 157 433 милиони долари ширум светот. Филмот за прв пат е прикажан на 25 мај 2010 година на ДВД и Блу реј.

Содржина[уреди | уреди извор]

Џон Тире (Шанинг Татум), водник во Специјалните сили на војската, лежи на земјата во борбена опрема со неколку рани од огнено оружје во неговото тело. Врз него почнуваат да паѓат монети и, како во нарација, тој се присетува на патување од детството во U.S. Mint. Тој се споредува себеси со монета во Војската на САД и тврди дека последното нешто на што помислил пред да се онесвести било „ти“. Во 2001 година, Џон е на заминување кога ја сретнува Савана Лин Кртис (Аманда Сејфрид), студентка која е на пролетен распуст. Во текот на две недели, Савана и Џон се вљубуваат. Џон ја запознава фамилијата на Савана, нејзиниот сосед, Тим Ведон (Хенри Томас), и синот на Тим, Ален (Лук Бенвард) кој има аутизам.

Савана го запознава татко му на Џон (Ричард Џенкинс), самотен човек кој се интересира само за монети. Џон и кажува на Савана дека опсесијата на неговиот татко за монети влијаела на нивната врска и тие не се блиски. Савана му спомнува на Џон дека татко му, исто како Ален, може да има аутизам. Ова го вознемирува Џон, кој започнува расправија со соседот на Савана, Ренди (Скот Портер) и случајно го удира Тим. Џон му се извинува на Тим и остава порака на Савана и го поминуваат последниот ден заедно. Откако ќе замине, Џон и Савана започнуваат врска на далечина преку писма. Иако Џон планирал да ја напушти војската, нападите на 11 септември го попречуваат и на крај одлучува пак да се пријави.

Во текот на наредните две години, Џон и Савана се допишуваат преку писма. Најпосле, Савана му праќа на Џон Драг Џон писмо, со кое го известува дека таа се верила со некој друг. Џон, длабоко депримиран од веста, ги гори сите писма.

Потоа, Џон е застрелан неколку пати од непријател и иако е охрабрен да се врати дома, тој повторно се запишува. Во наредните пет години, Џон учествува во многу мисии. Додека чека наредби за наредното ангажирање на неговата единица, Џон е информиран дека неговиот татко добил удар. Кога Џон пристигнува во болницата, докторот го информира дека татко му е во критична состојба. Тој се чувствувал виновно што не бил со него и го прашал докторот дали ситуацијата би била иста доколку тој бил со татко му. Докторот не мисли така и Џон му пишува писмо на татко му, кое му го чита во болницата. Тогаш гледачите дознаваат дека нарацијата на Џон од почетокот на филмот е од ова писмо, во кое тој му кажал на татко му дека првото нешто што му дошло на ум откако бил застрелано биле монети, а последното нешто што му дошло на ум пред да се онесвести бил татко му, кој на крај краишта е најважното нешто во неговиот живот. Набргу потоа, неговиот татко умира. Тогаш Џон ја посетува Савана. Тој дознава дека таа се омажила со Тим и дека Тим има рак. Савана му кажува дека Тим е во болница и му е потребен експериментален лек кој тие неможат да си го дозволат. Џон го посетува Тим во болницата, каде Тим му се извинува за ситуацијата, но му укажува дека тој е среќен што неговиот син секогаш ќе има некој што ќе се грижи за него. Тим исто така му кажува и дека Савана сеуште го сака. Џон и Савана вечераат заедно таа вечер и Џон се збогува со неа. Џон ја продава колекцијата од монети на татко му, сепак ја зачувува првата монета што ја пронашле заедно. Тој анонимно ги донира парите од продажбата за финансирање на лекот на Тим. Следната сцена го покажува Џон назад во неговата единица, како ја користи монетата во фрлање парички со неговите војници. Тогаш Џон добива неочекувано писмо од Савана. Таа му пишува за тоа како добила анонимна донација за да му помогне на Тим во неговото лекување, што му дало шанса да се врати дома и да се поздрави со пријателите и семејството пред да умре. Таа му пишува дека секогаш ќе се прашува каде е Џон и како му оди, но го прифаќа фактот дека таа одамна го изгубила правото да го знае тоа. Во последната сцена од филмот, Џон вози велосипед надолу по улицата и откако застанува да го заклучи, погледот му застанува на Савана преку прозорецот на една кафетерија. Савана излегува од кафетеријата и тие се прегрнуваат и живеат среќно засекогаш потоа.

Завршеток[уреди | уреди извор]

Завршетокот на книгата се разликува од филмот. Во книгата, Тим се подобрува и Џон, по неколку години во војната, се враќа да потврди еден сомнеж. Џон оди ноќе кај Савана на фармата и чека на еден рид, скриен од видикот кога полната месечина полека се појавува. Се е тивко, ноќта е мирна и ништо не се случило во последните неколку часа, Џон само што не си заминал, разочаран со изгубена надеж. Но вратата се отвора и мала фигура се појавува, погледнувајќи назад да се осигура дека никој не ја следи. Фигурата заминува од куќата така што месечината е целосно видлива. Сега Џон може да види дека всушност тоа е Савана која излегла да ја гледа месечината и да се сеќава на сите моменти што ги поминала со него. И Џон тогаш го крева погледот кон месечината и вели: „ за момент, речиси изгледа како да сме повторно заедно.“

Настапуваат[уреди | уреди извор]

Тонски запис[уреди | уреди извор]

  1. Џошуа Радин и Шилер Фиск – "Paperweight"
  2. The Swell Season"The Moon"
  3. 311"Amber"
  4. The Donkeys – "Excelsior Lady"
  5. Wailing Souls – "Things & Time"
  6. Аманда сејфрид и Маршал Алтман – "Little House"
  7. Fink"This Is the Thing"
  8. Роси Голан – "Think of Me"
  9. Рејчел Јамагата и Ден Вилсон – "You Take My Troubles Away"
  10. Дебора Лури – Тема за Драг Џон
  11. Snow Patrol ft. Martha Wainwright"Set the Fire to the Third Bar" (бонус трака)

Други песни од филмот кои не се на тонскиот запис на компакт дискот

Музика[уреди | уреди извор]

Текстот за Драг Џон е компониран од страна на Дебора Лури, која ја снимила нејзината песна со Hollywood Studio Symphony кај Warner Brothers Eastwood Scoring Stage.[2] Албум со тонски записи кој содржи песни е промовиран на 2 фебруари 2010 година од Relativity Media Group исто така и албум со текстови е пуштен во продажба истиот ден.

Награди и номинации[уреди | уреди извор]

Година Награда Категорија Дело Резултат
2011 People's Choice Awards Омилен драма филм Драг Џон Номиниран

Прифатеност[уреди | уреди извор]

Критики[уреди | уреди извор]

Филмот општо доби мешани до негативни оцени од критичарите. Оценувачот Rotten Tomatoes изјавува дека 28% од 95 критичари му дале позитивни оцени на филмот, со просек од 4,3 од 10. помеѓу „топ критичарите “ на Ротен Томатос, кои се состојат од популарни и значајни критичари од врвните весници, веб локации, телевизија и радио програми, филмот држи вкупен рејтинг од 20%, врз основа на примерок од 25 извештаи. Консензусот на страницата е дека „Составен од многуте исти состојки како и другите трогателни романи на Николас Спаркс. Драг Џон страда од рамката на клишето, како и љубопитно издвоеното упатување на Леси Халстром.“ Metacritic, кое одредува наклонет просечен резултат од 1-100 прегледи од филмски критичари, има 43% рејтинг врз основа на 33 прегледи.

Финансии[уреди | уреди извор]

Драг Џон дебитира како филм број 1 со 30 468 614 милиони долари за време на првиот викенд, туркајќи го Аватар по седум викенди на првото место. Филмот го имаше второто најголемо деби за отворање на филм на Super Bowl викендот, заедно со Hannah Montana & Miley Cyrus: Best of Both Worlds Concert во 2008 година. Како што се зборува тоа е најдоброто деби за филм врз основа на роман од Николас Спаркс.

Домашно кино[уреди | уреди извор]

Премиерата на фимот беше на 25 мај 2010 година на ДВД и Блу-реј. Вклучува алтернативен крај во неговите специјални одлики што се држи повеќе до крајот на романот, оставајќи ги гледачите да одлучат кој е посоодветен крај на филмот.