Драгиша Димитријевски - Шипе
| Драгиша Димитријевски - Шипе | ||
| Роден | 6 април 1956
Куманово, | |
|---|---|---|
| Починал | 7 јануари 2013
Куманово, | |
| Занимање | глумец и сликар | |
Драгиша Димитријевски - Шипе (роден на 6 април 1956 во Куманово - починал на 7 јануари 2013 во Куманово) — македонски глумец и сликар.
Животопис
[уреди | уреди извор]Димитријевски е роден во Куманово на 6 април 1956 година. Својата глумечка кариера ја започнал со претставата „Мајка храброст и нејзините деца“ во 1974 година, а во 1979 година, дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на проф. Тодорка Кондова. Од 1980 година бил постојан член на Кумановскиот театар, каде што остварил над сто и педесет глумечки улоги. Освен по своите бројни глумечки улоги, Димитријевски бил познат и како ликовен уметник со плодно творештво. Добитник е на стручни и општествени награди, на МТФ „Војдан Чернодрински“, на „ноемвриска награда“ на градот Куманово и од Друштвото на ликовни уметници – Куманово. Своевремено ја добил и наградата за млад ликовен автор. Во последните неколку години Димитријевски бил и уметнички раководител на ликовната колонија „Карпино“. Починал по кратко боледување на 7 јануари 2013 во Куманово.[1]
Филмографија
[уреди | уреди извор]| Филмографија на глумецот Драгиша Димитријевски - Шипе | ||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
| Год. | Назив | Улога
|- style="background: Lavender; text-align:center; " |
1980-ти▲ | |||
| 1981 | Црвениот коњ ТВ филм | / | ||||
| 1982 | Илинден | / | ||||
| 1984 | Белото циганче | / | ||||
| 1985 | Трговецот од Солун | / | ||||
| 1986 | Климент Охридски | / | ||||
| 1986-2002 | Македонски народни приказни | / | ||||
| 1987 | Вук Караџиќ | / | ||||
| 1989 | Мугра | / | ||||
| 1990-ти▲ | ||||||
| 1991 | Еурека | / | ||||
| 2000-ти▲ | ||||||
| 2007 | Јас сум од Титов Велес ТВ филм | Професор | ||||
| 2010-ти▲ | ||||||
| 2012 | Македонски народни приказни ТВ серија | |||||
| 2014 | До балчак | Поп | ||||
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „IN MEMORIAM Драгиша Димитријевски – Шипе“. Радио Браво. 8 јануари 2013. Посетено на 2013-01-08.[мртва врска]