Драгиша Биниќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

 Драгиша Биниќ (роден на 20 октомври 1961 година) е поранешен српски фудбалер кој настапувал за тимот на Црвена ѕвезда. Тој бил дел од тимот кој го освоил Купот на европските шампиони или Европскиот куп во 1991 година во Бари. Одиграл три натпревари за фудбалската репрезентација на тогашна СФРЈугославија и при тоа постигнал еден гол. Неговиот син Владан Биниќ е исто така професионален фудбалер.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Црвена ѕвезда од Белград[уреди | уреди извор]

Во 1987 година, на неполни дваесет и шестгодишна возраст напаѓачот Биниќ потпишал за тимот на Црвена ѕвезда од Белград. Тоа значело дека се случило повторно спојување со неговиот поранешен соиграч од тимот на Раднички од Ниш, Драган Стојковиќ. Стојковиќ во екипата на Црвена ѕвезда пристигнал една година претходно и веќе била миленик во тимот и кај навивачите. Тимот од Белград, предводен од главниот тренер Велибор Васовиќ, имал амбиција да се врати на победничкиот патеки по разочарувачката лигашка сезона од минатата година. Други засилувања на клубот во таа година биле: дваесет и четири-годишниот одбранбен играч Горан Јуриќ од тимот на Вележ од Мостар, дваесет и две-годишниот одбранбен играч Рефик Шабанаџовиќ од тимот на Железничар од Сараево и талентираниот осумнаесет годишник и креативец од средниот ред Роберт Просинечки од тимот на Динамо од Загреб.

Драгиша Биниќ во нападот на клубот најголема конкуренција имал во Бора Цветковиќ и Хусреф Мусемиќ. Екипата била добро вкомпонирана речиси на сите позиции. Покрај одличниот напад добро биле покриени и останатите делови од тимот, во одбраната со Слободан Маровиќ и Миодраг Кривокапиќ, а во средниот ред Драган Стојковиќ. По добриот почеток на сезоната кога Биниќ постигнал гол на гостувањето кај тимот на ФК Приштина, темпераментниот многу брзо влегол во кавга со тренерот Васовиќ. Се развиле антагонистички односи помеѓу нив при што Биниќ бил суспендиран од тимот поради кавги и непослушност кон тренерот. Во наредниот период Драгиша Биниќ настапувал за тимот, но активно бил во тренажен процес. Недоразбирањата помеѓу тренерот и играчот продолжиле и во иднина. Се случил уште еден инцидент со тренерот и тоа пред пред неговата приватна резиденција.[1]

Статистика во кариерата[уреди | уреди извор]

Клуб[уреди | уреди извор]

[2]

Клупски настап Лига
Сезона Клуб Лига Натпревари Голови
Југославија Лига
1980/81 година Напредак Крушевац Прва лига 2 0
1981/82 година Втора лига 4 0
1982/83 година 14 3
1983/84 година Раднички Ниш Прва лига 19 5
1984/85 година 27 4
1985/86 година Втора лига 31 8
1986/87 година Прва лига 24 3
1987/88 година Црвена ѕвезда од Белград Прва лига 27 13
Франција лига
1988/89 година Брест Втора дивизија 29 18
Шпанија лига
1989/90 година Леванте Сегунда дивизион 7 0
Југославија лига
1990/91 година Црвена ѕвезда Белград Прва лига 27 14
Чехословачка лига
1991/92 година Славија Прага Прва лига 12 5
1992/93 година 7 3
Кипар лига
1993/94 година АПОЕЛ Прва дивизија 14 10
Јапонија лига
1994 година Нагоја Грампус Осум J1 лига 8 5
1995 година Тосу Фудбалска лига 6 5
Земја Југославија 175 50
Франција 29 18
Шпанија 7 0
Чехословачка 19 8
Кипар 14 10
Јапонија 14 10
Вкупно 258 96

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Репрезентацијата на Југославија
Година Натпревари Голови
1990 година 1 0
1991 година 2 1
Вкупно 3 1

Меѓународни голови[уреди | уреди извор]

Во првата колона со резултати се прикажани бројот на голови на Југославија, а во втората колона со резултати се прикажани бројот на постигнати голови по голот на фудбалерот Драгиша Биниќ.

Меѓународни голови по датум, место,натпревар, противник, постигнат гол на играчот и вкупен резултат на тимот, резултат и натпреварување
Бр. Датум Место на одржување Натпревари Противник Резултат Резултат Тип на натпреварување
1 27 март 1991 година Стадион Црвена Ѕвезда, Белград,

СФР Југославија

2  Северна Ирска 1 – 0 4–1 Квалификации за УЕФА Евро 1992 година

Признанија[уреди | уреди извор]

Црвена ѕвезда Белград

  • Освоена е Првата југословенска лига: 1987–88, 1990–91
  • Победник во Купот на европските шампиони: 1990–91

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Petrović, Nebojša (9 March 2021). „Mihajlović Zvezdi 1991. otvorio nebo, a Binić jurio Nemca po terenu: Dok se stadion tresao, držao je Efenberga za kosu!“. Mondo.rs. Посетено на 1 May 2021.
  2. „Binić Dragiša“. Посетено на December 22, 2008.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]