Драган Ниниќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Драган Ниниќ
Роден 1920 година
Кучевиште, Скопје, Македонија
Починал октомври, 1944 година
Ново Село, Струмица, Македонија

Драган Ѓорѓе Ниниќ ( 1920 Кучевиште, Скопско1944 во Ново Село, Струмичко) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил основно училиште во селото. Се занимавал со чување на добиток. Многу рано се запознал со целите на Народноослободителното движење, но без оглед на тоа бил принуден да замине на отслужување на воениот рок во бугарската фашистичка армија. Во тоа време во неговиот крај, уште немало партизански одреди. Во една од битките против Германците, храбро загинал кон крајот на октомври 1944 година, во битките за ослободување на Струмица. Бил закопан во Ново Село, Струмичко, каде што загинал.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 108–109. На |first= му недостасува |last= (help)