Драган Мутибариќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Драган Мутибариќ
Лични податоци
Полно име Драгомир Мутибариќ
Положба голман


* Настапи (Голови)

Драган Мутибариќ (Сомбор, 10 ноември 1946) — поранешен југословенски и српски фудбалер, член на југословенската репрезентација.

Кариера[уреди | уреди извор]

Роден е на 10 ноември 1946 година во Сомбор.[1] Започнал да брани гол во 1960 година во Бечеј, а потоа како талентиран голман се преселил во Срем од Сремска Митровица и како младинец на овој клуб двапати бранел за репрезентацијата на Бачка и четири пати за селекцијата на Војводина, за подоцна да биде на голот и југословенската младинска репрезентација (1964).

Од 1966 до 1975 година, го достигнал зенитот на својата кариера во редовите на скопски Вардар, за кој бранел на преку 600 натпревари.[2] Една сезона (1975/76) бил член на германскиот тим Шалке 04 од Гелзенкирхен, но бранел само на два натпревари во Бундеслигата. Во 1978 година бранел во финалето на Купот на Југославија за Трепча против Риека, кога Риека победила со 1-0 во продолжението.[3]

Покрај три натпревари за младинската и пет за младата репрезентација, тој бранел и на 10 натпревари за А селекцијата на Југославија. Дебитирал на 26 февруари 1969 година против Шведска во Сплит, а својот последен натпревар за националниот тим го одиграл на 28 октомври 1970 година против екипата на СССР во Москва.[4]

Како член на скопски Вардар, во јули 1984 му истекол неговиот четиригодишен договор, и тој потпишал за Тетекс од Тетово како 38-годишник. Подоцна настапувал за Македонија Ѓорче Петров и Микрогранулат Гостивар, клуб од регионална лига, каде што ја завршил кариерата.

Во Вардар бил прогласен за најдобар голман на сите времиња. Пет години по ред бил прогласуван за најдобар спортист во Македонија. Од 1992 година, работел и како тренер на голманите во Вардар. Од 1992 до 1996 година бил тренер на голманите на македонската репрезентација. Живее во Скопје во населбата Лисиче. Со сопругата Милица, имаат син Слободан.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Dragan Mutibarić − Profile“. bdfutbol.com. 8. 9. 2019. Посетено на 8. 9. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. „Мутибарић, чувени голман Вардара, живи од инвалидске пензије“. srbi.org.mk. 25. 5. 2019. Посетено на 8. 9. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)[мртва врска]
  3. „Куп Југославије RSSSF“. rsssf.com. 8. 9. 2019. Посетено на 8. 9. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  4. „Reprezentativci: Dragan Mutibarić“. reprezentacija.rs. 8. 9. 2019. Посетено на 8. 9. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  5. „За Македонце ни Муто није легенда: Мутибарић, чувени голман Вардара, живи од инвалидске пензије“. Вечерње новости. 19. 5. 2019. Посетено на 8. 9. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]