Драган Мрѓа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Драган Мрѓа (Вршац, 23 јануари 1984) бил поранешен српски фудбалер, кој настапувал на позиција како напаѓач.

Кариера[уреди | уреди извор]

Црвена ѕвезда[уреди | уреди извор]

Мрѓа потекнувал од Влајковац, место покрај градот Вршац.[1] Во Влајковац ги направил првите фудбалски чекори, но набрзо се преселил во екипата на Раднички од Вршац. Во помладите категории на екипата на Црвена ѕвезда се преселил во 1997 година.[1]

За првиот тим на Црвена ѕвезда настапил на 4 мај 2002 година, во натпреварот против екипата на Земун (1:1), на стадионот Маракана. На тој натпревар влегол од клупата за резервни играчи во 75 минута на местото на соиграчот Лео Леринац.[2] Тоа бил единствениот натпревар во сезоната 2001/02 за 18-годишниот Мрѓа.

Наредната сезона 2002/03, тренерот Зоран Филиповиќ му дал многу поголема можност. Својот прв гол за екипата на Црвена ѕвезда го постигнал на 15 август 2002 година, во квалификациите за Купот на УЕФА против екипата на Каират во победата од 2:0.[3] Драган Мрѓа често бил стартер во таа сезона, но исто така многу пати влегувал и од клупата за резервни играчи. Тој настапувал од првата минута во победата против екипата на Киево во Верона (2:0), кога црвено-белите го исфрлиле италијанскиот тим од натпреварувањето.[4] Подоцна во истото натпреварување екипата на Црвена ѕвезда загубила од составот на римски Лацио. Мрѓа постигнал четири гола на 25 натпревари во првенството, по еден во победите против екипите на Могрен (4:1), Зета (5:1),[5] Чукарички (2:0) и Сутјеска (3:0).[6]

Во сезоната 2003/04 не успеал да се избори за статусот првотимец кај тренерот Славољуб Муслин. Во конкуренција на поискусните Жигиќ, Пантелиќ, Стојановиќ и Богавац, Мрѓа имал многу мала минутажа за игра.[2] Сепак, тој придонел за освојување на двојната круна постигнувајќи четири гола на пет лигашки натпревари и со уште еден постигнат гол во Купот на два натпревари. Мрѓа одиграл и два натпревари во Купот на УЕФА. Тој постигнал три гола против екипата на Борац (5:1),[7] еден против составот на Обилиќ (3:1)[8] и еден против екипата на Цар Константин (7:0) во натпревар од Купот.[9]

За време на престојот во екипата на Црвена ѕвезда, Мрѓа настапувал и како позајмен играч во клубот на Јединство од Уб.[10] Меѓутоа, подоцна во екипата на Црвена ѕвезда тој станува се повеќе играч од втор план. Во сезоната 2004/05 под раководство на тренерот Петровиќ, а потоа и под раководство на Достаниќ одиграл само осум натпревари во сите натпреварувања.[2] Ја започнал и сезоната 2005/06 под раводство на тренерот Валтер Зенга. Настапил во првото коло од првенството на гостински терен кај екипата на Хајдук во Кула. По тој натпревар Драган Мрѓа заминал во белгискиот клуб на Лирс.[1]

Во странство и во екипата на Војводина[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2005/06 во дресот на екипата на Лирс одиграл 20 првенствени натпревари на кои постигнал два гола.[11] Тој подоцна бил позајмен на екипата на Зулте Варегем за да настапува во наредната сезона,[12] но одиграл само пет натпревари и веднаш се вратил во составот на Лирс.[11] Во месец јули 2007 година потпишал тригодишен договор со рускиот прволигаш Химки.[13] Во овој клуб Мрѓа повторно соработувал со тренерот Славољуб Муслин, но како и за време на соработката во екипата на Црвена ѕвезда и овојпат немал некоја поголема минутажа.[2] Тој одиграл само девет натпревари во руската Премиер лига и притоа постигнал два гола.[11]

На почетокот на месец септември 2008 година тој се вратил во српскиот фудбал и потпишал договор со екипата на новосадска Војводина.[14] Во текот на сезоната 2008/09 во Суперлигата на Србија на 27 одиграни натпревари постигнал 13 голови.[11] Во наредната сезона 2009/10 тој одигрувал уште подобри натпревари. Со 22 постигнати голови бил најдобриот стрелец во лигата, а ја добил и наградата за најдобар играч во Суперлигата на Србија.[15] Со новосадскиот клуб стигнал до финалето на Купот на Србија во 2010 година. Во тоа финале екипата на Војводина била совладана од составот на Црвена ѕвезда.[16]

Во месец август 2010 година, тој потпишал тригодишен договор со екипата на Сион од Швајцарија.[17] Во месец март 2011 година, за време на натпреварот од швајцарското првенство во кој неговиот Сион бил поразен од екипата на Цирих (0:2), Мрѓа се здобил со повреда на лигаментите на левото колено.[18] Повредата била посериозна, па за него сезоната била завршена.[19] Пред повредата, тој постигнал осум првенствени гола за екипата на Сион, како и уште долонителни шест во натпреварите од купот.[11] По заздравувањето од повредата, му била дадена можност да настапува во првиот дел од сезоната 2011/12, но додека играл за националниот тим во месец ноември 2011 година, повторно ги повредил лигаментите,[20] по што пропуштил најмногу натпревари во таа сезона. И во текот на сезоната 2012/13 повторно се повредил и на теренот минал многу кратко време. Подоцна повторно ги имал проблемите со повредата.[21] Бил отстранет од првиот тим поради несогласувања со тренерот Џенаро Гатузо.[22]

Враќање во екипата на Црвена ѕвезда[уреди | уреди извор]

Во месец август 2013 година Драган Мрѓа се вратил во екипата на Црвена ѕвезда, потпишувајќи двегодишен договор.[23] Во текот на сезоната 2013/14 бил најдобар стрелец во српската Суперлига со вкупно 19 постинати голови.[24] Тој бил еден од клучните фудбалери во тимот на Славиша Стојановиќ, кој по пауза од шест години ѝ ја вратил титулата на екипата на Црвена ѕвезда.[2]

Мрѓа постигнал хет-трик против екипите на Спартак (5:1) и Слобода (4:1), двапати бил стрелец против клубовите на Нови Пазар (5:1) и Вождовац (5:1) и еднаш против составите на ОФК Белград (2:1), Војводина (2:1 за триумф во 92 минута), Јагодина (2:0), Спартак (2:1), Чукарички (4:1), Раднички од Ниш (2:0), Партизан (1:2), Рад (2:0) и ОФК Белград (4:2), кога била прославена титулата за српски првак на едно коло пред крајот на сезоната.[2]

Тој постигнал вкупно 20 гола на 28 натпревари во сите натпреварувања, а бил најдобар стрелец на клубот за таа сезона.[2]

Јапонија и Олимпија[уреди | уреди извор]

На првиот ден од јули 2014 година Мрѓа потпишал договор со јапонската екипа на Омија.[25] Во својата прва сезона, тој постигнал девет гола на 18 натпревари во Џеј лигата, но тоа не било доволно за тимот да опстане во најкавалитетната лига.[26] Иако екипата на Омија испаднала во втората лига, Мрѓа решил да остане во екипата и потпишал нов договор со клубот.[27] Екипата на Омија одиграла само една сезона во втората лига и веднаш успеала да се врати во Џеј лигата. За тој успех значително придонел и Драган Мрѓа со неговите 19 голови.[2]

По три години минати во екипата на Омија, во кои постигнал дури 36 гола на 99 натпревари во сите натпреварувања, Мрѓа во месец јули 2017 година се преселил во екипата на јапонскиот второлигаш Шонан Белмаре.[28] Како и со екипата на Омија, така и со составот на Шонан Мрѓа го освоил првото место и квалификацијата за најдобрата Џеј лига.[2] Со овој клуб имал многу помал придонес постигнувајќи само еден гол.[11]

Во месец февруари 2018 година тој се вратил во европскиот фудбал и потпишал договор со екипата наОлимпија од Љубљана.[29] Сепак, многу кратко време останал во словенечкиот клуб. Одиграл само еден натпревар и тоа само две минути, а веќе на почетокот на месец април спогодбено бил раскинат договорот.[30]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Драган Мрѓа го постигнал првиот гол за една од фудбалските селекции на Србија, на дуелот помеѓу младинските репрезентации на Чешка и Србија (1:0).[31] Тој настапувал со младата српска репрезентација на Европското првенство 2007 година во Холандија, каде репрезентацијата била поразена во финалето од домаќинот на тоа првенство. Мрѓа постигнал два гола на ова првенство, најпрво во полуфиналето против репрезентацијата на Белгија (2:0),[32] а потоа во финалето против домаќинот Холандија (1:4).[33]

За сениорската репрезентација на Србија одиграл 14 натпревари и постигнал два гола.[34] Својот прв натпревар го имал на 19 ноември 2008 година во Белград против репрезентацијата на Бугарија (6:1), а најдобрата игра за популарните „орли“ ја имал на 7 април 2010 година во Осака против селекцијата на Јапонија (3:0), кога бил двоен стрелец за својата репрезентација.[35]

Мрѓа бил учесник на Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка каде што не одиграл ниту една минута.[34]

Последен пат за српската репрезентација настапил на 6 јуни 2014 година во Сао Паоло на пријателскиот натпревар против репрезенатцијата на Бразил (0:1).[34]

Голови за репрезентацијата[уреди | уреди извор]

# Дата Место Противник Голови Резултат Тип на натпревар
1. 7 април 2010 година Осака, Јапонија Јапонија 0:1 0:3 Пријателски
1. 7 април 2010 година Осака, Јапонија Јапонија 0:3 0:3 Пријателски

Успеси[уреди | уреди извор]

Клупски успеси[уреди | уреди извор]

Црвена ѕвезда
  • Освоено е Првенството на СЦГ (Србија и Црна Гора)/ Српска Супер лига (2): 2003/04, 2013/14.
  • Освоен е Купот на Србија и Црна Гора (1): 2003/04.

Индивидуални успеси[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „MCZ Intervju: Dragan Mrđa“. mojacrvenazvezda.net. 29. 11. 2013. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 „Na današnji dan: Rođen Dragan Mrđa“. mojacrvenazvezda.net. 23. 1. 2018. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  3. „Kvalifikacije za kup UEFA :Kairat - C.Zvezda 0:2 (izjave)“. b92.net. 15. 8. 2002. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  4. „Chievo Verona – Crvena zvezda 0:2 !!!“. b92.net. 4. 10. 2002. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  5. „Bošković igrao za peticu“. blic.rs. 18. 11. 2002. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  6. „Šou Pjanovića“. glas-javnosti.rs. 2. 3. 2003. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  7. „Kiks Partizana u Kuli, prednost Zvezde raste“. b92.net. 26. 10. 2003. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  8. „Vračar najzad pao!“. glas-javnosti.rs. 2. 11. 2003. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  9. „Kup SCG: Crvena zvezda - Car Konstantin 7:0“. b92.net. 11. 11. 2003. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  10. „Dragan Mrđa“. srbijafudbal.net. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 „Dragan Mrdja“. footballdatabase.eu. 31. 8. 2006. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  12. „Dragan Mrdja prešao u Varegem“. mondo.rs. 31. 8. 2006. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  13. „Dragan Mrdja novi igrač ruskog Himkija“. mondo.rs. 5. 7. 2007. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  14. „Dragan Mrđa u dresu Vojvodine“. mondo.rs. 2. 9. 2008. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  15. „Dragan Mrđa najbolji fudbaler Superlige Srbije“. sport.blic.rs. 20. 5. 2010. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  16. „Zvezda osvojila Kup Srbije“. novosti.rs. 5. 5. 2010. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  17. „Sion je moj pun pogodak“. sport.blic.rs. 13. 8. 2010. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  18. „Mrđi stradali ligamenti kolena!“. novosti.rs. 12. 3. 2011. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  19. „Mrđa van terena šest meseci“. mondo.rs. 15. 3. 2011. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  20. „Mrđa opet pokidao ukrštene ligamente“. novosti.rs. 12. 11. 2011. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  21. „Mrđa: Povrede su prošlost“. b92.net. 1. 11. 2012. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  22. „Mrđa napušta Sion“. rts.rs. 13. 5. 2013. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  23. „Dragan Mrđa ponovo u Zvezdi“. crvenazvezdafk.com. 14. 8. 2013. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  24. „Pogledajte svih 19 golova najboljeg strelca JSL - Dragana Mrđe! (VIDEO)“. telegraf.rs. 29. 5. 2014. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  25. „FOTO: Mrđa potpisao za Omiju (VIDEO)“. mozzartsport.com. 1. 7. 2014. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  26. „Mrđa opet pogodio, Omija se oprostila od Džej lige (VIDEO)“. mozzartsport.com. 6. 12. 2014. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  27. „Mrđa srećan i u drugoj ligi Japana: U Omiji još barem dve sezone“. mozzartsport.com. 22. 1. 2015. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  28. „Dragan Mrđa iz prve u drugu ligu“. mozzartsport.com. 1. 7. 2017. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  29. „Mandarić odveo Mrđu u Ljubljanu“. mozzartsport.com. 10. 2. 2018. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  30. „Mrđa više nije Zmajček“. mozzartsport.com. 2. 4. 2018. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  31. „Srbija počela pobedom!“. b92.net. 17. 8. 2006. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  32. „EP U21: Srbija u finalu!“. b92.net. 20. 6. 2007. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  33. „Holandija odbranila titulu prvaka“. b92.net. 23. 6. 2007. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  34. 34,0 34,1 34,2 „Mrđa Dragan“. reprezentacija.rs. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  35. „Dva gola Mrđe za trijumf Srbije u Japanu“. reprezentacija.rs. 7. 4. 2010. Посетено на 23. 4. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)