Драган Марков
Изглед
Драган Марков | ||
Роден | 1919 година Кучевиште, Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 1944 година Скопје, Македонија случајно застрелан од соборец, при чистење на пушка. | |
Почивалиште | Кучевиште |
Драган Марков ( 1919 во Кучевиште, Скопско — 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Произлегува од сиромашно семејство. Доаѓањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, на Скопска Црна Гора неговите соселани го пречекале со радост. Така со мнозина свои врсници стапил во редовите на бригадата, која се борела против балистите. Бил учесник во успешните напади на германските единици во Качаничката Клисура. По последните борби против Германците, еден соборец, не сакајќи при чистење на пушката несреќно го застрелал. Бил закопан на селските гробишта во Кучевиште.[1]