Драган Гиновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Драган Гиновски
Родено имеДраган Гиновски
Роден(а)30 март 1967
Скопје, Македонија
Жанровипоп, рок
Занимањагитарист
Период на активност1980–денес
Соработници

Драган Гиновски - Гино (роден на 30 март 1967 година во Скопје) — македонски музичар, најпознат како гитарист на музичката група Архaнгел и Темпера.

Биографија[уреди | уреди извор]

Драган Гиновски дипломирал на Металуршкиот факултет во 1993 година. Слободното време го поминувал во поправка на гудачки инструменти. Соработувал со Горан Трајковски, Александар Вељанов, Moons, Mooger-fooger, V.I.S. Vox.

На возраст од 15 години тој ја формирал групата „Gino de Gagi“. Во 1988 година, заедно со Ристо Вртев, го основал македонскиот бенд Архангел. Во Архангел бил до 2011 година, кога се приклучил на Темпера.

Оженет е со пејачката Андријана Јаневска. Двојката има два сина, Димитар (2011) и Кристијан (2015). Сопственици се на музичкото студио Гиновски.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]