Драгана Ристова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Драгана Ристова
Лични податоци
Име и презиме Драгана Ристова
Роден(а) 11 април 1983 година
Скопје, Република Македонија
Националност Македонија Македонка
Спорт Ракомет
Позиција тренер
Клупски податоци
Тековен клуб ЖРК Куманово
Сениорски клубови
ЖРК Куманово

Драгана Ристова (родена на 11 април 1983 година во Скопје, Република Македонија) е поранешна ракометна репрезентативка на Македонија и актуелен ракометен тренер.

Биографија[уреди | уреди извор]

Драгана Ристова е поранешна репрезентативка на Македонија. Има настапувано во РК Скопје, РК Ѓорче Петров, ЖРК Металург, ЖРК Будуќност Подгорица (клуб со кој го има освоено Купот на победниците на куповите).

Играчката кариера ја заврши во ЖРК Вардар, каде што подоцна ја започна тренерската работа.

Изминатите неколку сезони успешно го водеше првиот тим на ЖРК Вардар.

Моментално (2022 година) е тренер на Женскиот ракометен клуб Куманово.[1]

Ристова е носител на мастер тренерска лиценца.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Драгана Ристова нов тренер на ЖРК Куманово“. Кумановски Муабети. 27.07.2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)