Драгана Мирковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Драгана Мирковиќ во 2015 година

Драгана Мирковиќ (родена во Касидол, во близина на Пожаревац, на 18 јануари 1968) е српска пејачка во правецот на поп-фолк музика. Многу извори ја опишуваат како најголемата ѕвезда на Балканот.[1][2][3][4] Со речиси 10 милиони продадени плочи и снимки, таа е најпродаваната пејачка во деведесетите години на територијата на поранешна Југославија, но и во Бугарија, како и најпродаваната пејачка во осумдесетите години, веднаш по легендарната Лепа Брена. Таа е популарна низ територијата на поранешна Југославија и е единствената српска пејачка која ги распродала концертите на големите стадиони во Бугарија, Романија[5][6] и Босна,[7] како и единствената српска пејачка која одржала голем солистички концерт на територијата на Турција. Таа била позната и по нејзините иновативни, високобуџетни и уникатни видеа и комплицирани кореографии во стилот на популарната Џенет Џексон. Драгана Мирковиќ глумела во три филма, од кои најпознат е „Слатки од соништата“, во кој ја играла главната улога. Таа е сопственичка на телевизијата „ДМ Сат“ со седиште во градот Пожаревац. Најпрестижното американско списание „Билборд“ објавило статија во која Драгана Мирковиќ ја нарекуваат „Српска Мадона или Лејди Гага “,[8] а често ја нарекуваат и „кралица на српската сцена“[9] или „Светлината од Касидол“.[10] Нејзиниот албум од 2006 година таа го нарекла „Луче моје“.

Биографија[уреди | уреди извор]

Драгана Мирковиќ е родена во околината на Пожаревац, и израснала во шестчлено семејство во селото Касидол, кое се наоѓало во близина на градот Пожаревац. Со музиката започнала да се запознава благодарение на нејзиниот дедо Драгутин, додека го слушала како свири на хармоника. На пет години ја научила првата песна: Девојкаta му згрешила на соколот. Нејзиниот музички талент бил многу бргу забележан, бидејќи со учеството на локалните натпревари го привлекла вниманието на видни луѓе од Дискографските куќи кои ѝ понудиле да сними музичка плоча.[11]

Долго време била во врска со Зоран Башановиќ, кој ѝ бил и менаџер,[12] но се омажила за Тони Бјелиќ, стопанственик кој живеел во Виена. Со него имала и две деца, Марко (2001) и Мануел (2002). По склучување на нејзиниот брак, Драгана се повлекла од очите на јавноста. По четиригодишна пауза, таа го снимила албумот кој претставувал повратен албум кон сцената. Овој албум носел име ,,Трага од минатото'' во 2004. Во текот на кариерата Драгана одржала шест самостојни музички турнеи, а продала 1,5 милиони билети. Помалку продадени билети имала само од Лепа Брена.

Кариера[уреди | уреди извор]

Музички почетоци и првата снимена плоча[уреди | уреди извор]

Првиот албум Драгана го објавила во април 1984 година во соработка со Новица Урошевиќ, а дека нејзиниот талент од самиот почеток на кариерата го забележала публиката говори и фактот што тој албум бил продаден во 160.000 примероци. Првото телевизиско појавување се случило на крајот на 1984 година во шоуто „Новогодишна фолк парада“. Таа настапила заедно со 12те најпопуларните пејачи на народна музика во тоа време. Следната 1985 година, нејзиниот Втор студиски албум бил објавен во соработка со Новица Урошевиќ. И овој албум бил одлично прифатен од страна на публиката, исто како и нејзиниот прв албум.

Со „Јужни ветар“[уреди | уреди извор]

Како член на популарната музичка група од тоа време Јужни ветар, таа настапувала на турнеи низ цела тогашна СФРЈ, а на концертот на Ташмајдан во Белград настапувала пред тогашните рекордни 11.000 гледачи.

Драгана ја прекинала соработката со Новица Урошевиќ и во 1986 година преминала во групата „Јужни ветар“. Заедно со оваа музичка група го објавила својот трет студиски албум наречен како „Спаси ме од самотија". Носечката песна како и песната „Кога би знаел колку копнеев“ подоцна биле вистински евергрини во народната музика. Со тој албум Драгана заминала на голема југословенска турнеја заедно со групата Јужни ветар и пејачите; Шемса Суљаковиќ, Синан Сакиќ, Миле Китиќ и Кемал Маловчиќ. Следната година, поточно во 1987 година, Драгана го објавила својот нов албум, помодерен од претходните, а сѐ почесто се слушало дека само со нејзини 19 години започнала да пее сериозни и зрели песни. Една година подоцна, во 1988 година, таа го објавила албумот со кој ги надминала претходните. Во 1989 година, Драгана го објавила најпродаваниот албум со групата Јужни ветар наречен „Симпатија“, кој бил продаден во неверојатни 500.000 примероци. Овој албум содржел многу хитови. Истата година ја објавила првата видеокасета со нејзини музички спотови и веднаш потоа го добила првиот Оскар за популарност за хит на годината за нумерата „Симпатија“. Во средината на месец август 1990 година, таа го објавила својот последен албум со групата Јужни Ветар, И покрај тој успешен факт таа сепак мислела дека албумот не е доволно добар и затоа ја прекинала соработката со музичката група Јужни Ветар. Истата таа година Драгана Мирковиќ ја снимила својата прва емисија (шоу програма) наречена „Вечер со Драгана Мирковиќ“. Во таа емисија ја носи како гостинка југословенската ѕвезда Лепа Брена. Таа во својата емисија промовирала нови песни. За прв пат се обидела да пее и странска музика, Исто така таа го снимила хитот „Е, мој докторе“ во дует со групата Зана. Истата година, Мирковиќ го освоила вториот Оскар за популарност за пејач на годината.

Деведесеттите години[уреди | уреди извор]

Во деведесеттите години, Драгана се преселила најпрво во издавачката куќа на „ПГП-РТБ“ (денес „ПГП-РТС“), а потоа во издавачката куќа на „Зам“ каде што го снимила албумот „Ни доаѓаат подобри денови. Таа во тој период го имала најпродаваниот албум на годишно ниво. Нумерите биле во фолк-рок и фолк-поп стил. Песната „Плачи земјо“од истоимениот албум, од 1995 година, била најпродаваната српска песна на бугарскиот музички пазар во историјата, а постојано се наоѓала помеѓу 200-те најпродавани на сите времиња.

Покрај Драгана Мирковиќ групата на Јужни ветар, ја напуштиле и Перица Здравковиќ и Сава Бојиќ, кои подоцна го формирале бендот наречен „Жар“. Заедно со групите „Жар“, „Фута“ и „Злаја“, Драгана објавила нов албум. Издавач на новиот албум била тогашната издавачка куќа на „ПГП РТБ“. Новиот албум на Драгана бил претставен со зборовите: „Таа има продадено повеќе од 2.000.000 музички плочи и касети. Во 1989 и 1990 година двапати по ред победила на Посел 202, најпопуларниот фолк настан и освоила два Оскари на Популарноста на РТВ Ревија. Музичката група на „Жар“ се потрудиле да го модернизираат новиот албум на Драгана во што донекаде и успеале, но, сепак пак се чувствувало влијанието на групата Јужни Ветар. Нумерата „Добра девојка“ што ѝ ја понудила авторката Марина Туцаковиќ не била сигурна дали да ја сними, затоа што и било чудно да пее песна за себе како е добра девојка, додека песната „Ти поклонувам љубов“ добила ремикс - верзија кој бил првиот ремикс во таа област на тие простори. Таа, исто така, многу внимавала на својот сценски настап, па набрзо започнала да соработува со танцовата група на Џогани Фантастико. Подоцна Драгана објавила видео касета со спотови и со тоа станала најактивната пејачка во однос на снимањето на нови спотови. Во 1992 година одржала концерт во Софија на стадионот Левски пред околу 55.000 луѓе.

По распадот на бендот „Жар“, наредната година, Драгана се вратила на сцената во нов револуционерен дух. Во 1992 година го снимила својот деветти студиски албум, кој бил прво издание за новата издавачка куќа на „ЗАМ“. Драгана тогаш изјавила дека за само два месеци касетата била продадена во повеќе од 150.000 примероци и дека на концертите од тој албум пеела дури 7 песни, што било голема реткост. Албумот бил неколку пати препечатен и бил продаден на териториите на поранешна Југославија, дијаспората, како и во државите Бугарија и Романија. Продажбата изнесувала над еден милион примероци, што на Драгана ѝ го давало епитетот за најголемата ѕвезда на територијата на поранешна Југославија, но и пошироко. Таа 1992 година одржала турнеја и во печатените медиуми објавила дека ќе има вкупно 10 концерти во главниот град. Во 1993 година таа го издала јубилејниот, десетти албум и симболично го именувала како „ бр.10“, посветувајќи го на својот менаџер Раки Ѓокиќ, кој починал на крајот на годината. Драгана одржала исклучително успешна турнеја низ поранешна Југославија со десет последователни концерти во Домот на синдикатите. Истата година, таа го добила Оскарот за популарност за десет години популаризација и модернизација на народната музика.

По заминувањето од „ЗАМ“ во септември 1994 година Драгана се приклучила на издвачката куќа на РТС ПГП. Истиот месец се појавил нов албум. Започнала да работи со музичката група „Бит Стрит“, со која соработувала во наредните години. Албумот од 1994 година, фановите на Драгана го сметале за нејзин најдобар албум во целата кариера. Можело да се каже дека сите песни од тој албум претставувале хитови. Автори на песните од новиот албум претежно биле Марина Туцаковиќ и Фута, додека Александар Милиќ Мили исто така се испробал како композитор и компонирал музика за баладата „Ни не сум ни метар од тебе“, која слободно можело да се нарече евергрин песна, додека танцовите „Само еден саат“ и „Кажи ми“ биле дело на Хуса од групата „Бит Стрит“. Во 1995 година, Драгана повторно заминала на голема турнеја низ поранешна Југославија, понекогаш пеејќи во два града за еден ден. По крајот на големата турнеја на 22 и 23 јуни таа одржала солистички концерти во центарот „Сава“, и по подолги години испеала неколку песни од периодот кога соработувала со музичката група на Јужни ветар. Тогашните печатени медиуми објавиле: „Два дена над 8.000 фанови уживаа во најголемите хитови на Драгана, гламурозни, холивудски и со беспрекорен звук. На висина на задачата биле и нејзините музички гости: Жељко Шашиќ, Нино од Дивљи кестен и Бит Стрит, па публиката два дена со задоволство го напушташе преполниот Центар на „Сава“. „Концертот се пренесувал во живо на телевизијата Пинк. На крајот на 1995 година бил објавен и Дванаесеттиот студиски албум. Овој албум за само месец и половина бил продаден во тираж од над 60.000 касети. На тој албум се издвојувале евергрините како: „Плачи земјо“, „И во добро и лошо“, „Сакам да те видам“, „Стани солзо, стани“ и хитот со пејачот Нино Решиќ „Убава девојка“. На овој албум и наредните била откажана соработката со Фута и со Марина Туцаковиќ. Наредната 1996 година, Драгана го објавила својот нов албум. Од песните се издвојувале: „Нема промени“, „Душута ми ја испи“, „Тебе љубов“, „Тоа не е твоја работа“, „Брат мој“, како и песната од дуетот со пејачот Жељко Шашиќ „Очи полни тага“. Истата таа година Драгана го добила Оскарот за популараноста за пејач на деценијата. Следната година, во 1997 година, таа го објавила новиот албум кога и започнала соработка со Дејан Милиќевиќ, кој изработил многу ефикасен спот за песната „Последна вечер“, која се смета за евергрин. На 20 март 1998 година Драгана одржала солистички концерт во салата „Пионир “ пред околу 8.000 фанови и со тоа ја започнала турнејата. Концертот го пренесувала државната телевизија „РТС“. Некаде по 20 часот се слушнала ерупција од ентузијазам во салата кога Драгана Мирковиќ се појавила на сцената облеана во многу чад во автомобил од марката „Ламборгини Дијабло“. На концертот имало многу кореографија, ефекти, пиротехника. По сознанието дека Саша Поповиќ и Лепа Брена отвораат нова издавачка куќа наречена „Гранд “ таа одлучила да го издаде следниот албум токму во новата издавачка куќа. Албумот бил издаден во месец февруари 1999 година за ПГП РТС, но во копродукција со Гранд бидејќи РТС сакала сепак Драгана да остане во нивната издавачка куќа. Албумот се појавил во 130.000 примероци. Драгана Мирковиќ снимила спот само за една песна од тој албум и тоа за нумерата „Денови“, додека останатите песни ги промовирала во емисиите на Гранд и на РТС. Мирковиќ многу често се појавувала во емисиите на Гранд, и тоа најчесто на крајот, редовно пеејќи по две песни. Промоцијата на албумот била оддеднаш прекината и тоа од март до јуни 1999 година поради агресијата на НАТО алијансата врз тогашната СР Југославија. Песните биле популарни, но не толку поради новонастанатата ситуација во државата. Една песна се издвојувала од останатите. Тоа била песната „Уште си ми драг“ која и до денес е голем хит.

Во мај 2000 година Драгана Мирковиќ преминала во издавачката куќа „ Комуна“ каде што го објавила новиот 16ти студиски албум. Изборот паднал на издавачката куќа Комуна затоа што сакала новиот албум да биде проследен со квалитетни видео спотови. Па во пустината Сахара Драгана ги снимила спотовите за песните „Сама“ и „Спомени чувам“, додека за песната „Немам милиони судбини“ спотот е снимен во Белград. Песните биле придружени со ориентални мелодии, што било во тренд во тоа време. Иновацијата што го придружувал овој албум била диск со необична форма кој бил испечатен во Швајцарија.

Две илјадитите години[уреди | уреди извор]

Иако Драгана изјавила дека кога ќе се омажи повеќе нема да пее, во јануари 2004 година го објавила новиот албум „Траг од времето “. Албумот „Траг од времето“ Драгана им го посветила на сопругот Тони и децата Марко и Мануел. Промоцијата на албумот била проследена со промена на имиџот, па препознатливата црна коса Драгана ја променила со коса во црвена боја. Последниот албум бил доста неподготвен. Тој бил некомерцијален, со песни кои тогаш не се препознавале како хитови. Спотот бил снимен само за песната „Еве добра сум“ која доста се слушала на нашите простори додека кај дијаспората хитови биле песните: На албумот немало класични народни песни, песните биле со модерни ноти, а Драгана решила да снима спотови за речиси сите песни. Таа снимила дует со пејачот Данијел Ѓокиќ, а песната носела наслов „Живот мој“. Оваа нумера станала голем хит дури и покрај тоа што никогаш не се емитувал на каналите со национална честота. Во декември 2008 година Мирковиќ го објавила албумот „Експлозија“ за продуцентската куќа „Вујин рекордс“. Песните биле одлични и квалитетни, и најчесто можеле да се слушнат само на телевизијата „ДМ САТ “, па поради тоа албумот не бил доволно промовиран. За албумот се снимени неколку видеа од видео продукцијата „DM SAT“. Имало спотови за насловната песна и „Единствено мое“ кој бил снимен во Истанбул, каде што Мирковиќ одржала и концерт. По цели 12 години, на 30 септември 2010 година, таа одржала концерт во Белград, и тоа во центарот „Сава“. Концертот бил од хуманитарен карактер.

Од 2011 година до денес[уреди | уреди извор]

Во април 2011 година, таа ги објавила сингловите „Единствени“, кој му го посветила на нејзиниот сопруг Тони за 10 години од бракот. Спотот за песната „Другари“ го снимила во нејзиниот замок „Ебенфурт“. Нејзините деца Марко и Мануел се појавиле во спотот за песната „Едиствени“. Во декември 2012 година Мирковиќ го објавила својот јубилеен дваесетти албум со дваесет песни на него, издадени за Босна и дијаспората од издавачката куќа „Вујин рекордс“, додека издавач за Србија била куќата „Змекс“.Таа во 2013 година одржала концерт пред 70.000 луќе на плоштадот во Решица во Романија. Во 2014 година, таа добила покана од порториканскиот пејач Хосе Фелисијано да снимат дует-песна, на што таа со ентузијазам се согласила. Дуетот бил испеан на англиски и на шпански јазик. На 3 октомври истата година одржала голем солистички концерт во белградската „Арена“. На крајот на јуни 2016 година ги објавила хит сингловите „Лепи мој“ и „Зашто ме бараш“, кои имаат над 34 милиони прегледи на друштвената мрежа „Јутјуб“.

На 3 октомври, 2014 година Драгана одржала голем солистички концерт во Арената во Белград, пред околу 20.000 луѓе.[13] Следната 2015 година одржала концерт на стадионот во Врњачка Бања пред повеќе од 20.000 посетители. На 16 декември 2016 година настапила во градот Софија, во најголемата бугарска арена „Армеец“, пред 17.000 фанови.[14] Во периодот од 2016 до 2017 година била член на жирито на популарниот музички натпревар Пинкови ѕвезди.

По објавувањето на нејзиниот дваесет и прв студиски албум кој бил објавен во продажба на 25 јануари 2017 година, ги соборил сите рекорди на слушање (што покажало дека некои песни од него имаат и над 20 милион прегледи на YouTube), Драгана започнала со голема соло турнеја наречена.

Таа ја започнала турнејата на 12 мај 2017 година во салата „Мејден“ во Тузла каде имало околу 8.000 луѓе.[15]

На 7 август истата година, Драгана одржала концерт на плоштадот Шврљиг, (близу до Ниш) каде ги срушила сите рекорди на посетеност, а таа вечер сообраќајот во целиот Шврљиг бил блокиран.[1]

Подоцна, на 3 и 15 септември настапила најпрво во Бугарија, а потоа и во Сомбор. Во Бугарија на градскиот плоштад во туристичкото место Банско пред повеќе од 25.000 луѓе[16] и во спортската сала „Мостоног“ во Сомбор пред 5.000 посетители.[17]

Во ноември 2017 година, таа ја продолжила својата голема соло турнеја Од милион једна во Америка, каде што настапила по цели дваесет години. На 10 ноември имала настап во Торонто, на 11 ноември во Чикаго, на 17 ноември во Њујорк и на 18 ноември во Сент Луис. Во Америка ги срушила сите рекорди на посетеност.[18]

На 28 декември 2017 година Драгана одржала концерт за долго помнење во салата „Лук“ во Бихаќ пред повеќе од 3.000 луѓе.[19]

Во 2018 година ја продолжила својата турнеја и имала огромни успеси низ цела Европа. Настапила во Париз (9 февруари), Словенија (24 февруари), Германија (3 и 17 март), Швајцарија (24 март), Хрватска (Загреб - 20 април и во Пула - 5 мај).

Во средината на април 2018 година, таа ја објавила песната Проклето роден во дует со Вук Моб, кој го создал текстот за песната, додека музиката и аранжманот ги направил Марко Морено. Песната за многу кратко време ги соборила сите рекорди, а доказ за тоа биле критиките на друштвената мрежа YouTube.

Во јули и август 2018 година, Мирковиќ ја продолжила својата турнеја и настапила најпрво во Босна и Херцеговина, а потоа и во Хрватска и Црна Гора. Во Босна и Херцеговина имала настапи на 20 јули во Мостар, на 21 јули во Љубушка, на 27 јули на градскиот стадион Велика Кладуша и на 31 јули во местото Сански Мост. Подоцна во месец август настапила во Хрватска и тоа на 3 август во Макарска, а на 19 август во најголемата будванска дискотека пред околу 5.000 посетители.[20]

На 24 август Мирковиќ настапила на градскиот плоштад во Врање на манифестацијата „Дани Врања“, каде организаторите на концертот заклучиле дека тоа бил најпосетуваниот концерт откако постоела манифестацијата и дека тој настан ќе останел како рекорд во историјата на градот.[21] Набргу потоа, на 1 септември, таа настапила на затворањето на Лесковачкиот фестивал Роштиљада во градот Лесковац, а на концертот присуствувале околу 40.000 луѓе.[22][23]

Во октомври 2018 година, Драгана ја одржала својата втора турнеја во Америка за помалку од една година и повторно ги срушила сите рекорди на посетеност. На 5 октомври настапила во Детроит, на 12 октомври во Де Мојн, на 13 октомври во Сент Луис, на 19 октомври во Чикаго и на 20 октомври во Атланта.[24]

Награди[уреди | уреди извор]

Здружението на радио станици на Србија во 1993 година ја прогласило Драгана Мирковиќ за „Пејачка на деценијата“. Истата година, иселениците во дијаспората ја избрале за најпопуларната личност во периодот на трета Југославија. Драгана го зазела високото второ место, зад тогашниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ.

Трипати по ред победила на некогаш најголемата фолк манифестација „Посело 202“.

Драгана Мирковиќ има освоено 9 Оскари на популарност.

Добитник била на „Мелка“ како пејачка која ја одбележала 1995 година.

Мирковиќ двапати ја добила наградата за најдобра пејачка на сите времиња - Оскар во БиХ 2006 година и Победник на Белград 2007 година.

Во 2008 година, гледачите на популарната бугарска телевизија „Балканика“ ја прогласиле за најпопуларна пејачка на Балканот.[25]

Фестивали[уреди | уреди извор]

  • 1985 година МЕСАМ - Мое слатко око
  • 1989. Посело година 202 - Среќно око / Мило моје зошто те нема / Моја мила слатка
  • 1990. Посело година 202 - Симпатија, прва награда на Посело
  • 1991. Посело године 202 - Кажи ми сонце мое/ Добра девојка - прва награда на Посело
  • 1992 година Хит парада - Добра девојка
  • 2019 година. Сабор, Белград - Добитник на наградата од српската естрада и добитник на музичка награда за животно дело (најмладиот добитник на наградата)

Мултимедијален уметник[уреди | уреди извор]

Она што можело да се види на светскиот музички канал МТВ на светските ѕвезди, Драгана го применила на своите настапи. На концерт во Сава Центарот во 1995 г. година, наместо класичен микрофон, имала вградено минијатурна бубачка што и овозможила целосна слобода на движење и играње со танцова група според внимателно дизајнирана и извежбана кореографија.[се бара извор]

Слатки од соништа[уреди | уреди извор]

Драгана Мирковиќ ја играла главната улога во филмот „Слатки од соништата“, чија премиера била на 12 април 1994 година. Филмот бил бајка со елементи на комедија за извесната Дени, девојката која работи во Мекдоналдс и сонува да стане ѕвезда. За потребите на филмот Драгана пеела на англиски јазик. Драгана играла споредни улоги во два други австриски филмови.

Рака Ѓокиќ започнал со снимање на филмот „ Слатки од соништата “, во кој главната улога ја имала Драгана Мирковиќ. Иако не била сигурна дали треба да глуми, сепак се согласила. По смртта на Рака таа не била сигурна дали снимањето требало да продолжи. Знаејќи колку Рака сакал да се снима филмот, Драгана продолжила по секоја цена, секој викенд имала настапи во дијаспората и така сама ги плаќала сите трошоци за филмот. Првото планирано име на филмот било „Фабрика за соништа“, но името во последен момент било сменето во „Слатко од соништата“. Драгана во филмот изведувала исклучиво песни на англиски јазик кои биле направени за потребите на истиот. Во филмот настапувале големи глумци како: Велимир Бата Живојиновиќ, Милорад Мандиќ Манда, Бранко Цвејиќ, Живојин Жика Миленковиќ, Горица Поповиќ, Зоран Цвијановиќ, Бранка Катиќ, Ратко Танкосиќ и други. Премиерата на филмот била придружена со огномет и кореографија на Драгана со песната „Baby don't you know“.

Албуми[уреди | уреди извор]

Драгана Мирковиќ 2015 година
  • Имам дечка немирног (1984) 160.000 продадени примероци
  • Умиљато око моје (1985) 250.000 продадени копии
  • Спаси ме самоће (1986) 400.000 продадени копии
  • Руже цветају само у песмама (1987) 400.000 примероци
  • Најлепши пар (1988) 450.000 продадени примероци
  • Симпатија (1989) 500.000 продадени примероци
  • Помисли жељу (1990) 620.000 продадени копии - најпродаван албум на годината во СФРЈ и Бугарија
  • Добра девојка(1991) Продадени 700.000 примероци - најпродаван албум на годината во СФРЈ и Бугарија
  • Долазе нам бољи дани (1992) 350.000 - најпродаваниот албум на СРЈ на годината и најпродаваниот албум на СРЈ на деценијата
  • Број 10 (1993) 250.000 продадени копии - најпродаван албум на годината во СРЈ и втор најпродаван албум на деценијата во СРЈ
  • Ниле теби до мене (1994) 250.000 продадени копии - најпродаван албум на годината во СРЈ и трет најпродаван албум на деценијата во СРЈ
  • Плачи земљо (1995) Продадени 220.000 примероци - најпродаван албум на годината во СРЈ
  • Нема промене (1996) 150.000 продадени примероци
  • Којом гором (1997) 150.000 продадени копии (најпродаван албум на годината во СРЈ - 100.000 продадени примероци за пет дена - рекорд во СРЈ)
  • 15 (1999) 140.000 продадени примероци
  • 16 (2000) 200.000 продадени примероци
  • Траг у времену (2004) 200.000 продадени примероци
  • Луче моје (2006) Продадени 250.000 примероци
  • Експлозија (2008) нема податоци за продажба
  • 20 (2012) нема податоци за продажба
  • Од милион један (2017)

Друго[уреди | уреди извор]

  • Драгана и Јужни ветар - бр. ° 1 (1991) 110.000 продадени копии;
  • Драгана и Јужни ветар - бр ° 2 (1991) 80.000 продадени примероци;
  • Драгана и Јужни ветар - бр. ° 3 (1992) 30.000 продадени копии;
  • Драгана и Јужни ветар - Најлепше песме (1993) 30.000 продадени примероци;
  • Слатко од снова (филмска музика) (1994) 60.000 продадени копии;
  • Једна је Драгана (1997) 25.000 продадени примероци;
  • Највећи хитови 1 (1997) 40.000 продадени копии;
  • Највећи хитови 2 (1992) 30.000 продадени копии;
  • Хитови 1 (2000) 70.000 продадени копии;
  • Хитови2 (2000) 50.000 продадени копии;
  • Баладе (2000) 30.000 продадени примероци;
  • Драгана заувек! (2003) 20.000 продадени примероци и
  • Don't Go Away - No Te Vallas (2014)

Спотови[уреди | уреди извор]

  • Биће ми како кад
  • Много сам те пожелела
  • Душу си ми опио
  • Ја успомену чувам
  • Данима
Спот Година Режисер
Имам дечка немирног 1984 -
Утеши ме, тужна сам 1984 -
Хеј, младићу, баш си шик 1984 -
Опрости за све 1986 -
Спаси ме самоће 1986 -
Кад би знао како чезнем 1986 -
Не веруј им, срећо 1987 -
Руже цветају само у песмама 1987 -
Треба ми неко 1987 -
Не иди, остани мој 1988 -
Могу ли да рећи, не волим те 1988 -
Слађано моје, слађано 1988 -
Коло среће 1988 -
Још љубави има 1988 -
Мило моје, што те нема 1988 -
Најлепши пар 1988 -
Што те нема 1988 -
Симпатија 1989 -
Нема среће без тебе 1989 -
Нећу да живим без тебе 1989 -
Сто ћу чуда учинити 1989 -
Ватра 1989 -
Довиђења, мило моје 1989 -
Чекај ме још мало 1989 -
Мамина и татина 1990 -
Јелени кошуте љубе 1990 -
Цвете мој 1990 -
Опрости што ти сметам 1990 -
Хоћеш, хоћеш, погледаћеш 1990 -
Не плаче се за јунаком 1990 -
Волим те волиш ме 1991 -
Кажи ми сунце моје 1991 -
Хајдемо негде 1991 -
Поклањам ти своју љубав 1991 -
Умрећу због тебе 1991 -
Свуд си око мене 1991 -
Бог срца мог 1991 -
Додај гас 1991 -
Добра девојка 1991 -
Обраше се виногради 1991 -
Јечам жела косовка девојка 1991 -
Black or White 1991 -
Добро јутро, добар дан 1992 Владимир Живковиќ
Умирем мајко 1992 Владимир Живковиќ
Питају ме у мом крају 1992 Владимир Живковиќ
Седми дан 1992 Владимир Живковиќ
Женско срце 1992 Владимир Живковиќ
Математика 1992 Владимир Живковиќ
Да, да, да 1992 Владимир Живковиќ
Две судбине 1992 Владимир Живковиќ
Стани душо, стани злато 1992 Владимир Живковиќ
Долазе нам бољи дани 1992 Владимир Живковиќ
Морало је лето проћи 1992 Владимир Живковиќ
О, да ли знаш 1992 Владимир Живковиќ
До последњег даха 1993 Владимир Живковиќ
Питам своје срце 1993 Владимир Живковиќ
Баш тебе волим ја 1993 Станко Црнобрња
Много сам те пожелела 1993 Владимир Живковиќ
Бићу негова 1993 -
Заборави срце 1993 -
Ветрови туге 1993 Станко Црнобрња
Кад за тобом умрем ја 1993 -
Хало драги 1993 -
Теби љубав мени бол 1993 Владимир Живковиќ
Не пада ми на памет 1993 -
Није теби до мене 1994 Михаило Вукобрадовиќ
Црни лептир 1994 Славољуб Живановиќ Зли
Чаролија 1994 -
Варала бих, варала 1994 Станко Црнобрња
Од кад сам се у тебе заљубила 1994 Славољуб Живановиќ Зли
За мене си ти 1994 Предраг Николиќ
Туго мојих дана 1994 Михаило Вукобрадовиќ
Опојни су зумбули 1994 Маријана Украден
Љубав се мени дешава 1994 Маријана Украден
Кажи ми 1994 Славољуб Живановиќ Зли
Baby Don't You Know 1994 Владимир Живковиќ
Changes 1994 Владимир Живковиќ
Riding through the fire 1994 Владимир Живковиќ
Red Ferrari 1994 Владимир Живковиќ
Плачи земљо 1995 Славољуб Живановиќ Зли
И у добру и у злу 1995 Игор Кушиќ
Све ме на тебе подсећа 1995 -
Стани сузо стани 1995 Славољуб Живановиќ Зли
Један живот је 1995 Маријана Украден
Волела бих да те видим 1995 Игор Кушиќ
Дивља девојка 1995 Станко Црнобрња
Нема промене 1996 Марио Бралиќ
Душу си ми опио 1996 Ратко Кушиќ
Загрли ме мајко 1996 Игор Кушиќ
Очите пуне туге 1996 Игор Кушиќ
То није твоја ствар 1996 Игор Кушиќ
Само један сат 1996 Игор Кушиќ
Последње вече 1997 Дејан Милиќевиќ
Биће ми како кад 1997 Дејан Милиќевиќ
Нико никог не воли 1997 Славољуб Живановиќ Зли
Данима 1999 Дејан Милиќевиќ
Сама 2000 Дејан Милиќевиќ
Немам ја милион судбина 2000 Славољуб Живановиќ Зли
Ја успомену чувам 2000 Дејан Милиќевиќ
Јас имам те а ко да немам те 2001 Дејан Милиќевиќ
Срцу није лако 2001 CODE
Ево добра сам 2004 Дејан Милиќевиќ
Луче моје 2006 ДМ САТ видео продукција
Печат на уснама 2006 Дејан Милиќевиќ
На крају 2006 ДМ САТ видео продукција
Непожељна 2006 Дејан Милиќевићќ
Теци ми кроз вене 2006 Дејан Милиќевиќ
Љуби ил′ убиј 2006 Дејан Милиќевиќ
Судбина 2006 Студио Виста
Данак љубави 2006 Дејан Милиќевиќ
Депресиван дан 2006 Дејан Милиќевиќ
Живот мој 2007 ДМ САТ видео продукција
Земљо окрени се 2008 ДМ САТ видео продукција
Научи ме 2008 ДМ САТ видео продукција
Запалићу срце 2008 ДМ САТ видео продукција
Експлозија 2008 ДМ САТ видео продукција
Једино моје 2008 ДМ САТ видео продукција
Ти ме рани 2008 ДМ САТ видео продукција
Ласте 2008 ДМ САТ видео продукција
Све бих дала да си ту 2008 ДМ САТ видео продукција
Нешто лепо 2008 ДМ САТ видео продукција
Јачи него икад 2008 ДМ САТ видео продукција
Прстен 2009 ДМ САТ видео продукција
Рођендан 2009 ДМ САТ видео продукција
Фобија 2009 ДМ САТ видео продукција
Громови 2009 ДМ САТ видео продукција
Другови 2011 ДМ САТ видео продукција
Једини 2011 ДМ САТ видео продукција
Мили, мили 2012 ДМ САТ видео продукција
Љубави 2012 ДМ САТ видео продукција
Ти мислиш да је мени лако 2012 ДМ САТ видео продукција
Континент 2013 ДМ САТ видео продукција
Пуцај право у срце 2013 ДМ САТ видео продукција
Маче 2013 ДМ САТ видео продукција
Пустиња осећања 2013 ДМ САТ видео продукција
Кад нас виде загрљене 2013 ДМ САТ видео продукција
Хеј, животе 2014 ДМ САТ видео продукција
Don't Go Away / No Te Vallas 2014 ДМ САТ видео продукција
Лепи мој 2016 ДМ САТ видео продукција
Зашто ме тражиш 2016 ДМ САТ видео продукција
Од милион један 2017 ДМ САТ видео продукција
Загрли опет 2017 ДМ САТ видео продукција
Он и она 2017 ДМ САТ видео продукција
Само ми је добро 2017 ДМ САТ видео продукција
Тровање 2017 Дејан Милиќевиќ
Идемо јако 2017 ДМ САТ видео продукција
Проклет роћен 2018 Немања Новаковић
Замена 2019 ДМ САТ видео продукција
Сад или никад 2021 Бранислав Пеќаранин Бaнџи

Соработка[уреди | уреди извор]

  • Нек пукну душмани (Миле Китиќ, Шемса Суљаковиќ, Синан Сакиќ и Кемал Маловчиќ, 1986)
  • Сви грешимо (Синан Сакиќ, 1987)
  • Дал ће моћи да се живи (Синан Сакиќ, придружен вокал 1988)
  • Хеј, девојко да ли имаш момка (Миодраг Јаковљевиќ, 1989)
  • Ја те волим то не кријем (Миодраг Јаковљевиќ, 1989)
  • Е, мој докторе ( Зана, 1990)
  • Ако ме умириш сад (Весна Змијанац, придружен вокал, 1992)
  • Смеј се (Нино, придружен вокал, 1993)
  • Усне вреле као жар (Нино, придружен вокал, 1993)
  • Коме треба душа рањена (ft. Куки, придружен вокал, 1995)
  • Све је исто само песте нису (ft. Куки, придружен вокал, 1995)
  • Нико као ти (ft. Куки, придружен вокал, 1995)
  • Тражим те у дугим ноћима (ft. Куки, придружен вокал, 1995)
  • Селе моја (Зорица Брунцлик, 1996)
  • Дивља девојка (Нино, 1995)
  • Само један сат (Beat Streat, 1996 година)
  • Очи пуне туге (Жељко Шашиќ, 1996)
  • Она је прича живота мога (ft. Жељко Шашиќ, придружен вокал, 1997)
  • Зеницо ока мог (Зоран Страчевиќ, 2000)
  • Срцу није лако (Дивљи кестен, 2000)
  • Јас имам те, а ко да немам те ( Хари Мата Хари, 2001)
  • Живот мој (Данијел Ѓокиќ, 2007)
  • Јачи него икад (Миле Китиќ, Шемса Суљаковиќ, Синан Сакиќ и Кемал Маловчиќ, 2008)
  • Громови (Бобан Рајовиќ, 2009)
  • Кад нас виде загрљене ( Ханка Палдум, 2013)
  • Don't Go Away - No Te Vallas ( Хосе Фелисијано, 2014)
  • Тровањење ( Данијел Ѓокиќ, 2017)
  • Проклет рођен ( Вук Моб, 2018)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Billboard: Dragana Mirković - 'The Madonna or Lady Gaga of Serbia' Посетено на 03.07.2014.
  2. Opera-17: DRAGANA MIRKOVIĆ SKROMNO PRIZNALA: PONOSNA SAM NA NAGRADU NAJPOPULARNIJE PEVAČICE NA BALKANU! Архивирано на 24 јануари 2022 г. Посетено на 04.06.2014.
  3. Srbija Danas: AUSTRIJSKI MEDIJI POLUDELI ZA NJOM: Draganu Mirković HVALE i POŠTUJU! Посетено на 30.05.2015..
  4. Pink.rs: POKORILA EVROPU Dragana Mirković dobila veliku ČAST u Austriji! Посетено на 05.07.2016
  5. TV Prva:Dragana Mirković - Koncert u Rumuniji Посетено на 04.07.2013.
  6. DM Sat: Dragana Mirković - Reportaža sa koncerta u Rumuniji Посетено на 24.07.2013.
  7. Estradne vesti: Dragana Mirković - Koncert na stadionu Kiseljak u Sarajevu Посетено на 25.07.2013.
  8. „Jose Feliciano Records New Single With 'The Madonna or Lady Gaga of Serbia'"“, Billboard, 03.07.2014 г.
  9. Ekskluziva: Dragana Mirković pokorila austrijski Garsten: Sa kraljicom estrade pjevala prepuna sala! Посетено на 02.11.15
  10. Puls:Dragana Mirković - Luče iz Kasidola Архивирано на 3 август 2016 г. Посетено на 7. 5. 2013.
  11. „Dragana Mirković Biografija“. Biografija.org (српски). 2019-02-02. Посетено на 2021-01-25.
  12. „BIO JE PRVA LJUBAV DRAGANE MIRKOVIĆ, POLICIJA GA PRIVODILA VIŠE PUTA! Svi ga znate, a ljubio je još jednu pevačicu“. espreso.rs (српски). Посетено на 2021-01-25.
  13. „Драгана Мирковић концертом у „Арени" обележила 30 година каријере („Блиц", 3. октобар 2014)“. Архивирано од изворникот на 6. 10. 2014. Посетено на 4. 10. 2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  14. Dragana Mirković održala spektakularan koncert u Sofiji! (video) - Svet portal
  15. pink.rs | OD MILION JEDNA: Dragana Mirković održala koncert u Tuzli, a ono što je tamo doživela pamtiće DOK JE ŽIVA! (FOTO)
  16. Kraljica Balkana: Dragana Mirković oborila rekord posete u Banskom! FOTO+VIDEO - Muzika - Region - Vesti - Svet Plus
  17. Dragana Mirković izazvala euforiju u Somboru: Mnogo mi znači poštovanje publike i kolega! FOTO - Muzika - Region - Vesti - Svet Plus
  18. [ http://pink.rs/domaci/44931/posle-punih-20-godina-dragana-mirkovic-odlazi-u-ameriku-razlog-je-prelep-foto]
  19. pink.rs | SPEKTAKL U BIHAĆU: Dragana Mirković na koncertu RASPAMETILA FANOVE OVIM POTEZOM! (FOTO)
  20. pink.rs | ORILA SE BUDVA! Dragana Mirković spektakularno zatvorila sezonu u Crnoj Gori! (FOTO)
  21. pink.rs | OVO ĆE UĆI U ISTORIJU: Dragana Mirković NAPRAVILA SPEKTAKL, Vranjanci pali u TRANS! (FOTO)
  22. „Рекордна посета Роштиљијади“. rs.n1info.com. Архивирано од изворникот на 02. 09. 2018. Посетено на 2. 9. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  23. „На концерту Драгане Мирковић и на Роштиљијади вечерас око 80.000 људи“. jugmedia.rs. Посетено на 2. 9. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  24. pink.rs | NIŽE USPEHE: Dragana Mirković proslavila kraj američke turneje u Las Vegasu! (FOTO)
  25. „Biografija“. www.dragana.at. Посетено на 2021-01-25.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]