Доцно бронзено време

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Доцно бронзено доба)
Прејди на: содржини, барај
Трипериоден систем
Холоцен Железно време Протоисторија
Доцно бронзено време  
Средно бронзено време
Младо бронзено време
Бронзено време
Бакарно време (енеолит)    
Младо камено време (неолит) Праисторија
Мезолит / Епипалеолит
Плеистоцен Доцен палеолит  
Среден палеолит
Ран палеолит
Палеолит
Камено време

Доцно бронзено време — подоцнежниот дел од бронзеното време, присутно на површината на три различни континенти. Африка минува директно во железното време, без притоа да има забележливи докази дека тука посебен развиток имало и бронзеното време. Железното време, периодот што го означува крајот на бронзеното време, се појавува кон крајот на вториот милениум пред нашата ера, најпрво во Анадолија, потоа во пределот на Ориентот и во Египет, пред да се прошири низ Грција и Италија, односно и низ целата територија на Европа најдоцна до 900 година п.н.е., речиси 400 години пред појавата на железното време во Азија.

Во западна Европа, доцното бронзено време се карактеризира со појавата на цивилизацијата на урните. Причината за дифузијата на оваа култура, наречена така поради тоа што своите мртви ги кремирале и ги закопувале во урни, тешко може да се прецизира: чести напади, миграција, асимилација или можеби попогодни услови за трговска размена.