Дохтор Мјуд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Дохтор Мјуд[уреди | уреди извор]

Дохтор Мјуд (оригинално: Dohtor Miód, miód на полски значи мед) навистина се вика Марчин Витас и роден е на 21 април 1976 во Пјекари Шлонские, во Полска. Тој е шлонски (Шлонск е еден од регионите во Полска) хип-хоп музичар и рапер и досега издаде 11 албуми.

Творештво[уреди | уреди извор]

Дохтор Мјуд ја започна својата кариера во 1991 година, со албумот Волтан.Б, кој досега е познат само на неговите најблиски, зашто примерокот е оштетен. Во неговите дела го користи само шлонски јазик, често користејќи вулгаризми и германски зборови. Не е професијонален музичар, по професија е столар. Неговата работа е потполно некомерцијална, речиси сите албуми можат да се симнат бесплатно од официјалната веб-страница http://dohtor.ovh.org/. Најмногу песни на Дохтор Мјуд го опишуваат живиотот во Шлонск, вклучувајќи ги таквите теми како политичките промени, осиромашување на општеството, морална деградација, алкохолизам и насилство. Исто така се однесува на автономијата на Шлонск. Тој често се откажува од полското државјанство, сметајќи се како граѓанин на Шлонск. Освен тоа, во голем дел на песните станува збор за проституција и за сексуалните девијации, на пример садо-масохизам. Дохтор Мјуд често настапува со други шлонски бендови, сега главно со Аусдрук (Ausdruck), а во минатото меѓу другите со Фред Виме или дет-метал бенд Тагот.

Музички жанр[уреди | уреди извор]

Тешко е да се класифицира музиката на Дохтор Мјуд во еден музички жанр, заради разновидноста на супстрати и вокални аранжмани. Осцилира помеѓу хип-хоп, преку електронската музика (дел од супстрати направен е на конзолата Sony Play Station и на синтисајзер) до рок-песната ’Фојера’ или хеви-метал песната ’Садо Мачо’ Уметникот, да се нагласи посебноста на жанрот што го креира, користи свои термини: сир-данц, техно-кнут или садо-рок. Обожавателите на музичарот, за да го манифестираат идентитетот со артист, се нарекуваат себеси Кнутоманијаци (израз има потекло од песната ’Неколку години поминаа…’ („Minyło kilka lat…”).

Правопис на псевдонимот[уреди | уреди извор]

Поради недостатокот на кодификацијата на шлонски јазик, често се среќаваат различни начини на запишување на псевдонимот на уметникот, како Доктор Мјуд, Дохтор Мјуд итн. За многу години уметникот ги користил двете форми. Во 2005 година решил да го обедини правописот. На почеток ја користил исто така формата со кратинката Др. Мјуд (намерно со точка, со цел да ги одбие граматичките правила на полскиот јазик).

Етимологија на псевдонимот[уреди | уреди извор]

Првично се мислеше дека името на уметникот е поврзано со научната титула и презимето на полскиот професор по лингвистика, Јан Мјодек. Уметникот сепак ги негирал информациите, кажувајќи, дека го усвоил псевдонимот заради фасцинацијата со делата на Др Дре (оттука потекнува првиот дел – Дохтор). Вториот дел е надоврзување на восок од уво (мед е разговорното име на овој секрет). Првите албуми на Дохтор Мјуд беа познати само меѓу најблиските. Албумот ’неколку години поминаа...’ беше познат локално (во градот Пиекари Шлонские и во најблиската околина). Процутот на популарноста се случи заради албумот ’Белата Ниса’ (Nysa е вид полска кола), во кој станува збор главно за користење на услуги на проститутки, моралната деградација меѓу жителите на Пјекари Шлонские, но има и песната за солидарноста со Палестинската Автономија.

Контроверзните стихови на песните влијаат на исклучително различни интерпретации на песните. Некои ги сметаат како примитивната уметност, за другите песните се авторитет во областа на социјалните проблеми, пак за трети се само смешни.

надворешни врски[уреди | уреди извор]