Достоинство (политичка партија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Достоинство
ВодачСтојанче Ангелов
Основана20 март 2011
ШтабСкопје
Мрежно место
http://dostoinstvo.mk
Знаме
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори
Првиот претседател на Достоинство Генералот Стојанче Ангелов

Достоинство — македонска политичка партија основана на 20 март 2011 година со седиште во Скопје. Нејзин прв претсетедал е Стојанче Ангелов, кој ја врши таа должност од 30 јуни 2014.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Партијата настанала и произлегла од истоименото здружение кое се залагало за правата на бранителите - учесници во Воениот конфликт во Македонија во 2001. Овие заложби за правата на бранителите биле целосно преточени и во политичката програма и платформа на партијата, заедно со остантите заложби за Македонија и Македонците кои произлегуваат од патриотската родољубива („десничарска“) определба и ориентација што во прв ред подразбира спротивставување и одбрана од големоалбанскиот екстремизам и големодржавните националистички идеи на соседите, зачувување на името и прекин на преговорите со Грција.

Политичка дејност[уреди | уреди извор]

На Парламентарните избори во 2011 година партијата Достоинство добила 8.846 гласа.

На Парламентарните избори во 2014 година Достоинство ја предводела коалицијата „Достоинство за Македонија“ заедно со МОРО-ЦДУ. Коалицијата добила вкупно 9.265 гласа и не освоила пратеничко место.[2]

На Парламентарните избори во 2016 година партијата учествувала во коалицијата „ВМРО за Македонија“ заедно со ВМРО-Народна партија и Обединети за Македонија.[3] Коалицијата освоила 24.524 гласа, односно 2 % од вкупниот број на гласови. Коалицијата не освоила пратенички мандат.

Програма на партијата[уреди | уреди извор]

Достоинство е партија на Македонскиот народ и за Македонскиот народ на која главна цел е да го врати изгубеното достоинство на секој Македонски граѓанин.

Досега и служевме на татковината за да ја браниме од агресори а од сега ќе му служиме на нашиот народ да му помогнеме да ги исполниме нивните барања и да ги реализираме стремежите и идеите за посветла иднина. За таа цел се ангажирани пред сè чесни луѓе, луѓе од доверба и луѓе експерти во својата област.

Економија

ДОСТОИНСТВО во областа на економијата ќе се залага за подигнување на економскиот раст и развој, намалување на невработеноста со отворање на нови работни места и вработување пред сè на соодветен стручен кадар . Меѓу првите приоритети на ДОСТОИНСТВО е вложување во технолошкиот развој и иновативноста кај младите. ДОСТОИНСТВО ќе отвори посебен фонд за стипендирање на млади научници кои преку стипендиите ќе имаат можност да ги развиваат своите иновации.

Нашата цел е и влез на нови странски инвестиции кои би придонеле за подобар економски раст и развој на Република Македонија.

Здравство

Ставот на Достоинство во областа на здравството е зголемување и правилна прераспределба на здравствениот буџет со што граѓаните би добиле квалитетна и навремена здравствена заштита.

Образование

Една од целите на партијата е да се донесат и спроведат реформи во образованието кои би резултирале со квалитетен и стручен кадар.

Достоинство се стреми да го задржи ваквиот млад стручен кадар и истиот да работи и придонесува за сеопшт развој на Р Македонија.

Земјоделство

ДОСТОИНСТВО во својата стратегија ќе го започне проектот ПРОФЕСИЈА: ЗЕМЈОДЕЛЕЦ преку конкретни мерки за финансиска помош и обука на земјоделците со посебен акцент на младите земјоделци. Земјоделството е најважниот столб на Македонската економија и токму затоа приоритет ќе биде униформирање на квалитетот и обезбедување на сигурен пласман на земјоделското производство.

Нам ни е потребно да ги сочуваме природните богатства кои ги имаме во изобилство, да го развиеме туризмот во истите и да се подобри целосната инфраструктура на државата.

Достоинство се залага за еднаквост на граѓаните, мултиетничко општество, реформи во судството, спроведување на правда, искоренување на криминалот и корупцијата и конечно справување со сиромаштијата и невработеноста. Не ги забораваме и пензионерите како важен дел од нашето општество за реален пораст на зслужените пензии. Државната администрација преку обуки за доусовршување на своите знаења ќе придонесат за подобра и поефикасна услуга на граѓаните.

Квалитетен пристап на разговорите околу решавање на проблемот кој нашиот јужен сосед го има со уставното име на Република Македонија без притоа да се вклучува националниот идентитет, а со тоа и реален пристап за отпочнување на преговори за влез – членство во ЕУ и НАТО.

Ќе се залагаме за јакнење на демократијата, секој граѓанин да може да воспостави директна релација и контакт со власта како би учествувал и заедно би придонеле да создадеме едно независно, некорумпирано и демократско општество, јавноста да учествува во создавање на политиката за доброто на граѓаните на Р Македонија.

Македонија има потреба од нова политика и нови идеи за излез од црно-белиот свет! ДОСТОИНСТВО е подготвено да се справи со сите предизвици кои стојат на патот кон успехот на Македонија! ДОСТОИНСТВО се докажа како штитеник на суверенитетот на Република Македонија. Да изградиме подостоинствен живот за сите! За достоинствена иднина![4]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Генерал Ангелов се повлекува од политиката!“. Мактел. 30 јуни 2014. Архивирано од изворникот на 2014-07-19. Посетено на 2014-07-05.
  2. http://rezultati.sec.mk/Parliamentary/Results?cs=mk-MK&r=2&rd=r
  3. Промовирана новата коалиција „ВМРО за Македонија“, МРТ, 04.11.2016
  4. „Достоинство" станува политичка партија“. А1 телевизија. 20 март 2011. Посетено на 20 март 2011.