Список на Влади на Македонија
Изглед
(Пренасочено од Досегашни Влади на Република Македонија)
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Република Македонија од своето осамостојување во 1991 година досега има сменето десет влади на чие чело биле шест премиери. Првата влада беше техничка влада предводена од академик Никола Кљусев, а по неа следуваа владите предводени од Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, повторно Бранко Црвенковски, Хари Костов, Владо Бучковски, Никола Груевски, Емил Димитриев и моменталната влада предводена од Зоран Заев.
- Влада на Македонија од 1991 - премиер Никола Кљусев
- Влада на Македонија од 1992 - премиер Бранко Црвенковски
- Влада на Македонија од 1994 - премиер Бранко Црвенковски
- Влада на Македонија од 1998 - премиер Љубчо Георгиевски
- Влада на Македонија од 2002 - премиер Бранко Црвенковски
- Влада на Македонија од јуни 2004 - премиер Хари Костов
- Влада на Македонија од декември 2004 - премиер Владо Бучковски
- Влада на Македонија од 2006 - премиер Никола Груевски
- Влада на Македонија од 2008 - премиер Никола Груевски
- Влада на Македонија од 2011 - премиер Никола Груевски
- Влада на Македонија од 2014 - премиери Никола Груевски и Емил Димитриев
- Влада на Македонија од 2017 - премиер Зоран Заев
- Влада на Македонија од 2022 - премиер Димитар Ковачевски
- Влада на Македонија од 2024 - премиер Христијан Мицковски