Дорнбург (Зале)
Изглед
За Дорнбург во округот Лимбург-Вајлбург, види Дорнбург (Хесен).
| Дорнбург (Зале) | |
| Место во Дорнбург-Камбург | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Тирингија |
| Округ | Зале-Холцланд |
| Град | Дорнбург-Камбург |
| Основни податоци | |
| Површина | 10,40 км2 |
| Надм. височина | 235 м |
| Население | 909 (31 декември 2006) |
| - Густина | 87 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | SHK |
| Пошт. бр. | 07778 |
| Повик. бр. | 036427 |
| Портал | www.dornburg-saale.de |
| Координати | 51°0′23″N 11°39′58″E / 51.00639°N 11.66611°E |
Дорнбург (германски: Dornburg) е град во округот Зале-Холцланд, во Тирингија, Германија. Се наоѓа на мал рид над реката Зале. Од 1 декември 2008 е дел од градот Дорнбург-Камбург.
Главни знаменитости
[уреди | уреди извор]Дорнбург е главно познат по неговите три замоци, кои припаѓале на поранешните големи војводи од Саксо-Вајмар-Ајзенах. Тие се:
- „Стар замок“ (Altes Schloss), кој е изграден на местото на постари замоци од почетокот на 12 век.
- „Нов замок“ (Neues Schloss или „Rokokoschloss“), изграден во италијански стил во периодот 1728–1748. Во него се наоѓаат и убави градини.
- Третиот и најјужниот од сите три е т.н. „Ренесансен замок“ (Renaissanceschloss), кој бил изграден во 17 век на местото на постар замок.
Наводи
[уреди | уреди извор]Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)
|
| Оваа статија за место во округот Зале-Холцланд е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |