Дорат (коњ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дорат
Овој коњ е дорат и покрај тоа што црните нозе му се маскирани со високи бели обележја

Дорат[1] или дорија[2] – коњ чија боја на крзното на телото е кафеава со црна грива, опашка, рабови на ушите и долниот дел на нозете. Доратите се најчести кај многу раси на коњи.

Без црните делови на крзното, коњот не може да се смета дека е дорат. Црните делови понекогаш може да бидат покриени со бели обележја кои сепак не ја менуваат класификацијата дека коњот е дорат. Доратите имаат темна кожа освен под белите обележја, каде кожата им е розова. Генетски, дорат се јавува кога коњот го носи агути генот и црно основно крзно. Додавањето на други гени создава други бои на крзната. Додека основните концепти за бојата на доратите се прилично едноставни, самите гени и механизмите кои предизвикуваат варијации на сенките кај семејството на доратите, се доста сложени и понекогаш се тема на расправа.

Дории во македонското народно творештво[уреди | уреди извор]

  • Спремај ми, спремај либе коња дорија[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „дорат“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „дорија“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Кирил Манчевски - Спремај ми, спремај либе, коња дорија на Јутјуб

Надворешни врски[уреди | уреди извор]