Допирот на злото (филм од 1958)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Постер за кино на американскиот филм „Допирот на злото“ во 1958 година

Допирот на злото (англиски: Touch of Evil) - американски филм од 1958 година, во режија на Орсон Велс (Orson Welles) кој е автор и на сценариото, засновано на романот „Значка на злото“ (Badge of Evil) на Вит Мастерсон (Whita Mastersona). Улогите ги толкуваат: Чарлтон Хестон (Charlton Heston), Џенет Леи (Janet Leigh), Џозеф Калеја (Joseph Calleia), Аким Тамироф (Akim Tamiroff), Марлен Дитрих (Marlene Dietrich) и За За Габор (Zsa Zsa Gabor). Филмот е познат по еден од највпечатливите воведи во историјата на американската кинематографија, кој трае три минути и десет секунди. За тоа време, без монтажен рез и со музиката на Хенри Манцини се прикажани настаните кои се склучни за приказната во филмот. Познато е дека вовоедната секвенца се снимала повеќепати, а завршната верзија била снимена дури кон крајот на ноќта, по повеќечасовно снимање. Овој филм е еден од најценетите во опусот на Орсон Велс и е многу ценет од критичарите и од режисерите Франсоа Трифо, Жан-Лик Годар, иако бил лошо прифатен од публиката. Како еден вид реинтерпретација на елементите од „филм ноар“, „Допирот на злото“ е емотивна и симболична приказна и вистинска визуелна бравура, со минуциозна режија и со учество на повеќе филмски ѕвезди. Орсон Велс го глуми шефот на полицијата Квинлан, но благодарение на шминката, тој е речиси непрепознатлив. Во 1998 година била снимена продолжена верзија на филмот, во која монтажерот Валтер Мурх го додал претходно снимениот материјал и ја добил наградата на Здружението на њујоршките филмски критичари.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Високиот службеник во владата на Мексико, Рамон Мигел Варгас (го игра Хестон) ужива во медениот месец со својата сопруга, Американката Сузан (ја игра Леи). Нивниот бакнеж во еден мал град на мексиканско-американската граница го прекинува експлозијата на автомобилот во кој се наоѓа еден градски моќник. Станува збор за вешто испланирано убиство, а истрагата ја презема локалниот шеф на полицијата Хенк Квинлан (го игра Велс). Бидејќи злосторството се случило на границата, нему му се приклучува и Варгас, кој сака да ја открие мрежата на трговците со дрога. Меѓутоа, Варгас станува мета на Квинлан, кој соработува и со гангстерот Џо Гранди (го игра Тамироф) со цел да го оневозможи својот мексикански колега...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]