Дончо Пановски
Дончо Пановски | ||
Роден | 1921 година Луково (Кратовско), Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 16 април, 1945 година Врпоље, Хрватска | |
Националност | Македонец | |
Роднини | Брат на Ѓорѓи Пановски |
Дончо Анчев Пановски ( 1921 во Луково (Кратовско) — 16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]И тој како и постариот негов брат Ѓорги го следела слична судбина. Уште како дете во семејството бил ангажиран да чува стада и да помага на постарите во домашните работи. Бил природно интелигентен, надарен ѝ како самоук научил да чита и да пишува. За време на окупацијата бил мобилизиран и служел во бугарската окупаторска војска. По капитулацијата на Бугарија на 9 септември 1944 година, стапил во редовите на НОВ, најпрво во Месната Команда во Кратово, а подоцна во составот на Седумнаесеттатa македонска бригада. По конечното ослободување на Македонија преминал во состав на Треттатa македонска ударна бригада, со која заминал на Сремскиот фронт. Во тешките и крвави борби кај Врпоље, загинал на 16 април 1945 година, односно истиот ден кога загинал и неговиот брат Ѓорѓи.[1]