Прејди на содржината

Дончо Златков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дончо Златков
Златков во воена униформа.
Роден(а)Андон Златков Томов
1865
Палат, Пиринска Македонија
Починал(а)2 октомври 1918
Дупница, Царство Бугарија
Други имињаДедо Дончо војвода, Палатски, Арамијата и Пирински цар.

Дончо Златков, роден Андон Златков Томов, познат по псевдонимите Дедо Дончо војвода,[1] Палатски, Арамијата и Пирински цар[2] (Палат, 1865 — Дупница, 2 октомври 1918) — македонски ајдут и револуционер. Учесник во Горноџумајското востание и војвода на Петрич. Деец на Македонскиот комитет и подоцна на Македонски-одринските доброволни чети. Пратеник во Народното собрание на Бугарија.[3]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Тој е роден во 1865 година во планинското село Палат, Пиринска Македонија. Завршил четврто одделение во Дупница, каде што се преселил неговиот татко. Од 1884 година дејствувал со чета од Пирин и Малешевската планина и првично се занимавал со ајдутство, Како и сите македонски ајдути со својата чета почнува и револуционерни активности. Учествувал во четничката акција на Македонскиот комитет во 1895 година.

Во 1901 година, под влијание на Стојко Бакалов, тој се приклучил на ВМОК, Неговата чета е поддржана со храна, облека и вооружување од Ќустендилското Македонско друштво. Војвода е на чета во Горноџумајското востание во 1902 година.

За време на Илинденското востание во 1903 година дејствува со четата во Серскиот револуционерен округ, а по востанието останал во Петричко и ја продолжил борбата со Турците.

Во текот на Балканската војна во периодот 1912-1913 година, Дончо Војвода бил на чело на доброволната чета № 42, које е дел од Македонско Одринско ополчение, со бројност од 92 четници. Делува во Петричко заедно со четите на Никола Герасимов, Лазар Делев и Тане Николов, Тој се бори во клисурата Рупелско дефиле, Сенокос, Градево и др. Во исто време, четите на Дончо Златков и Јане Сандански влегоа во Солун.

Во 1914 година Златков бил избран за народен пратеник на Петричкиот регион во 17-та Национално собрание од Либералната партија (радослависти). Умира на 2 октомври 1918 година во Дупница.

  1. ↑ Узунови, Ангел и Христо (2015). Псевдонимите на ВМРО. Скопје: ДАРМ. стр. 70.
  2. ↑ Силяновъ, Христо (1933). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). I. Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 160.
  3. ↑ Николов, Борис Й (2001). Вътрешна македоно-одринска революционна организация: Войводи и ръководители (1893-1934): Биографично-библиографски справочник. София: Издателство „Звезди“. стр. 60. ISBN 954-9514-28-5.