Донкерворт
| Дејност | Автомобилска индустрија |
|---|---|
| Основано | 1 јули 1978 |
| Основач | Јоп Донкерворт |
| Седиште | Лелистад, Холандија |
Опслужувани подрачја | Европа Северна Америка Израел Обединети Арапски Емирати |
Клучни личности | Денис Донкерворт (Претседател и извршен директор), |
| Производи | Рачно изработени ултралесни спортски автомобили |
Вработени | 20–25 |
| Мреж. место | Donkervoort site – English homepage |
„Донкерворт Аутомобилен БВ“ (холандски: Donkervoort Automobielen BV) — производител на рачно изработени и ултралесни спортски автомобили со седиште во Лелистад, Холандија. Автомобилската марка била основана во 1978 година од Јоп Донкерворт. Во 1996 година, моторите на „Форд“ што ги користел „Донкерворт“ биле заменети со мотори од „Ауди“.
Историја на компанијата
[уреди | уреди извор]Донкервурт е приватна семејна компанија, водена од основачот Јоп Донкерворт до неговото пензионирање од активното работење во 2019 година, а неговиот син Денис Донкерворт ја презел функцијата извршен директор во 2021 година. Сопругата на Јоп, Маријана, и нивната ќерка Амбер, исто така, одиграле значајна улога во развојот на работењето и градењето на брендот.[1] Амбер, поранешна спортистка, ѝ се приклучила на компанијата како менаџер за маркетинг по стручна пракса во Кина.[2] Моделот S8A е именуван по неа, додека моделот D8 е именуван по Денис.
Компанијата била основана во 1978 година како увозник на кит-автомобили. Бидејќи за регистрација на вакви возила биле потребни обемни технички модификации, Донкерворт наскоро започнал со сопствено производство. Првите автомобили S7 биле изградени во работилницата во Тинховен, врз основа на моделот Lotus Seven.[3][4]
Во 1983 година, производството било преместено во поголем објект во Лосдрехт, а во 2000 година во сегашното седиште и фабрика во Лелистад. Производството на шасии, кое претходно им било доверено на надворешни добавувачи, се врши во сопствените производни погони во Лелистад.[5]
Автомобили
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Donkervoort Today“. Donkervoort Cars. Посетено на 17 October 2022.
- ↑ Dijkstra, Martin; Baxmeier, Fleur (9 October 2015). „Zo vader zo dochter“ [Like father like daughter]. fd (холандски). Посетено на 17 October 2022.
- ↑ Willemsen, Jeroen (November 13, 2009). „Car Builder >> Donkervoort“. SpeedHunters. Архивирано од изворникот на 2022-10-17. Посетено на 17 October 2022.
- ↑ Johnson, Owen (February 8, 2022). „10 Things We Just Learned About Donkervoort“. Hot Cars. Посетено на 17 October 2022.
- ↑ „From the Beginning“. Donkervoort. Посетено на 17 October 2022.