Прејди на содржината

Дона Векиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дона Векиќ
ИмеДона Векиќ
Земја Хрватска
Место на живеењеМонте Карло, Монако
Роден на28 јуни 1996(1996-06-28)(28 г.)
Роден воОсиек, Хрватска
Спорт Тенис
Висина&100000000000001790000001,79 м
Професионалецсептември 2012
Игра соДесна рака
(дворачен бекхенд)
Заработка$1,369,820
Поединечно
Победи-порази180–132
Титули2 ВТА, 5 ИТФ
Највисок пласманБр. 51 (17 јули 2017)
Сегашен пласманБр. 51 (17 јули 2017)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен2R (2013, 2017)
Ролан Гарос3R (2015)
Вимблдон2R (2014, 2017)
УС Опен2R (2013)
Во двојки
Победи-порази5–14
Титули0 ВТА, 1 ИТФ
Највисок пласман310 (2 февруари 2015)
Сегашен пласман1,066 (6 февруари 2017)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен2R (2015)
Ролан Гарос1R (2014, 2017)
Вимблдон1R (2014, 2016)
УС Опен1R (2013, 2014)
Мешани двојки
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен1R (2014)
Вимблдон2R (2013)
Ажурирано на: 12 јули 2017.

Дона Векиќ (28 јуни 1996 во Осиек, Хрватска) е хрватска тенисерка.

Досега има освоено две ВТА и 5 ИТФ титули во сингл. Највисоко во својата кариера била позиционирана на 45-тото место на ВТА листата.

Почетоци 2010 и 2011

[уреди | уреди извор]

Својте први настапи на ИТФ турнирите Векиќ ги имала во 2010 година кога настапила на два турнири во Хрватска во нејзиниот роден град Осиек и нешто подоцна во Загреб, но и на двата испаднала веќе во првото коло.

Во следната натпреварувачка сезона Дона имала многу подобри резултати освојувајќи ја својата прва титула на ИТФ турнирите во Чизик, Велика Британија, во месец јули каде во финалето била подобра од втората носителка на турнирот австралијката Бојана Бобушиќ со 3-6 6-3 6-3. Покрај тоа таа играла во финалето на уште 3 други ИТФ турнири.

2012; првото ВТА финале

[уреди | уреди извор]

Во 2012 година Векиќ овоила уште два ИТФ турнира. Истата година го играла својот прв ВТА турнир во Куала Лумпур, но не успеала да се квалификува бидејќи била поразена уште во првото коло од квалификациите. Својот прв настап во главниот турнир на некој од ВТА турнирите го направила на турнирот во Ташкент во септември каде ги минала квалификациите со победи над Надја Киченок, Александра Артамонова и Моника Пуиг сите во два сета. Во главниот жреб на турнирот Векиќ остварила уште четири победи совладувајќи ги Магдалена Рибарикова, Лара Аруабарена, Бојана Јовановски и Ева Бирнерова на патот до нејзиното прво ВТА финале во кариерата во кое сепак била поразена од романката Ирина-Камелиа Бегу во два сета 6-4 6-4.

2013; второто ВТА финале

[уреди | уреди извор]
Векиќ на Отвореното првенство на САД 2013.

Векиќ ја започнала година влегувајќи во главниот ждреб за Австралија Опен 2013. Таа ја совладала Андреа Хлавачкова во првиот круг со 6-1, 6-2. Сепак, во второто коло била елиминирана од 10-тата носителка на турнирот и поранешниот светски број 1, Каролина Возњацки со 6-1, 6-4.[1]

Како 16-та носителка во квалификациите, Векиќ успеала да се квалификува за Премиер Мандатори турнирот во Мајами каде ја победила Јулија Путинцева од Казахстан во првото коло од главниот турнир, пред да биде елиминирана од 29-тата носителка русинката Елена Веснина во два сета. Подоцна истиот месец настапила и на турнирот во Монтереј каде ја совладала Јулија Коен во првото коло, а во второто била поразена од 7-мата носителка Урсула Радванска со 6-4 6-1.

Во мај дебитирала во главниот турнир на Ролан Гарос, но загубила уште на стартот од Малори Брдет од САД во два сета, а ништо поуспешно не било ни нејзиното деби на Вимблдон каде исто така испаднала уште во првото коло од квалификантката Петра Четковска. Меѓутоа, во периодот помеѓу овие два турнира Векиќ дошла до своето второ ВТА финале на турнирот во Бирмингем на трева. Таму таа ги победила Камила Џорџи, Урсула Радванска, Марија Санчес, Сорана Кирстеа и Магдалена Рибарикова, пред да биде поразена во финалето од поранешната топ 5 тенисерка Даниела Хантухова во два сета 7-6 6-4.

До крајот на сезоната за одбележување е нејзината прва победа на Отвореното првенство на САД каде во првото коло со убедливи 6-3 6-2 била подобра од украинката Људмила Киченок, но во второто коло загубила од Олга Говорцова од Белорусија во два сета.

2014: Првата ВТА титула

[уреди | уреди извор]

Почетокот на сезоната 2014 за Дона бил катастрофален започнувајќи со пораз во првото коло на турнирите во Шенџен, Австралија опен, Патаја Опен и Флорианополис така што нејзината последна победа на ВТА турот останала уште на турнирот во Ташкент во септември 2013.

Во март Векиќ добила вајлдкард за турнирот во Индијан Велс каде и ја забележува првата победа за сезоната, совладувајќи ја австралиската квалификантка Оливија Роговска во два сета со 6-0 и 7-5. Сепак веќе во втрото коло дошол нов пораз, откако во два сета со 3-6 и 2-6 била елиминирана од 12-тата носителка Доминика Цибулкова. Набрзо потоа настапила и на Мастерсот во Мајами, каде успеала да се квалификува за главниот жреб со победи над Ала Кудријавцева и Јохана Ларсон во два сета. Во првото коло на турнирот Векиќ ја победила Кимико Дате Крум со 2-0 во сетови, а со истиот резултат успела да слави голема победа во второто коло изненадувајќи ја 28-мата носителка Светлана Кузнецова, пред да го заврши турнирот во третото коло со пораз од 8-мата носителка Петра Квитова. Една недела подоцна со нешто подобрена форма стигнала на турнирот во Монтереј, каде во првото коло ја поразила Гарбиње Мугуруса 5-тата носителка од Шпанија во два тајбрејк сета,[2] но во втората рунда загубила од Каролина Плишкова во три сета.

После серијата слаби и просечни резултати во средината на април Векиќ дошла во Куала Лумпур каде играјќи на Отвореното првенство на Малезија го остварува најголемиот успех во својата дотогашна кариера освојувајќи ја првата ВТА титула. Поставена како седма носителка на турнирот, Векиќ на патот до финалето успеала да ги совлада Јунг-Јан Чан, Кристина Плишкова, Патирција Мајр Ахлајтнер и Жанг Шуаи, а во самото финале ја победила првата носитека Доминика Цибулкова во три сета 5-7 7-5 7-6 реванширајќи и се за поразот во Мајами.[3] Исто така, таа добила 4 (освен против Мајр Ахлајнтер) од споменатите пет натпревари на турнирот губејќи го првиот сет односно враќајќи се по сет негатива.

Периодот за турнири на земја не бил многу успешен за Векиќ, но ниту на турнирите на трева немала повеќе успех освен нејзината прва победа во кариерата на Вимблдон, совладувајќи ја 21-вата носителка италијанката Роберта Винчи во три сета со 6-4 4-6 6-4, но веќе во следниот натпревар таа била поразена од Вера Звонарева. Завршницата од сезоната била исполнета со слаби резултати за Векиќ, откако таа загубила во првиот натпревар кој го играла на 9 од 12 турнири. Годината ја завршила на 84-тото место што бил нејзин највисок пласман на крајот на една тениска сезона.

За првпат две победи на еден турнир во 2015 година Векиќ врзала на Ролан Гарос победувајќи ги домашната тенисерка 31-вата носителка Каролина Гарсија во првото и Бојана Јовановски во второто коло, пред да загуби во два сета од Ана Ивановиќ. Тоа бил нејзиниот прв пласман во третото коло на некој Гренд Слем турнир во нејзината кариера. Во јули стигнала до четвртфиналето на турнирот во Баку, каде загубила од романската квалификантка Патриција Марија Тиг во два сета. Во септември стигнала до нејзиното четврто ВТА финале во кариерата, второ на турнирот во Ташкент (по она во 2012), но повторно била поразена овојпат во два сета од јапонката Нао Хибино со 6-2 6-2. Претходно Дона ги совладала Кики Бертенс, Карина Витхофт, Ана-Лена Фридсам и Евгенија Родина. Слабата сезона во која освен едно финале и едно четвртфинале Векиќ немала други добри резултати значително и го расипала пласманот на крајот на годината завршувајќи на 105-тото место. Така, за првпат по 2012 година завршила една сезона надвор од топ 100.

Векиќ во 2016

2016 година била најслаба за Векиќ во нејзината кариера. Само на 4 ВТА турнири успеала да мине по едно коло и ништо повеќе од тоа, а на сите останати на кој играла била елиминитана уште во првата рунда. Во втората половина на октомври ја освоила својата петта ИТФ титула на турнирот во Шарм ел Шеик во Египет со награден фонд од 100.000 долари, победувајќи ја во финалето шпанската тенисерка Сара Сорибес Тормо во три сета. Годината ја завршила на 101-вото место.

2017; Втората ВТА титула

[уреди | уреди извор]

На Австралија Опен 2017 Векиќ по вторпат во својата кариера стигнала до второто коло, победувајќи ја Лизет Кабрера во првото со 7-5 6-2, но и во вториот обид да мине во третата рунда на турнирот повторно била спречена од Каролина Возњацки со 6-1 6-3 исто како и во 2013 година. Во јуни Векиќ ја освоила својата втора ВТА титула победувајќи на турнирот во Нотингем на трева.[4] Таму таа ги совладала Шелби Роџерс, Џулиа Бозеруп, Марија Сакари, Луција Шафарова и во финалето после повеќе од два и пол часа игра домашната тенисерка и првата носителка Јоана Конта во три сета со 2-6 7-6 7-5 што и донело и најдобар ренкинг во кариерата на 58-мото место на ВТА листата. Сепак, откако многу брзо тие двете повторно се сретнале во второто коло на Вимблдон, Конта ја искористила можноста да и се реваншира на Векиќ совледувајќи ја со 7-6 4-6 10-8 после повеќе од три часа игра на централниот терен.[5] Претходно Векиќ во првото коло ја совладала Наталија Вихлјантсева од Русија во три сета 6-7 6-4 6-1. На Отвореното тениско првенство на САД 2017, Векиќ го остварила својот најдобар пласман на овој турнир достигнувајќи за првпат во својата кариера до третата рунда, победувајќи ги Беатриз Хадад Маја со 6-2 6-1 во првото и Шуаи Пенг со 6-2 6-0 во второто коло пред да биде елиминирана од 16-тата носителка Анастасија Севастова со 6-2 6-3. На 25 септември го достигнала својот највисок пласман во сингл во својата кариера, кога била рангирана на 45-тото место на ВТА листата. Сезоната ја завршила на 47-мото место.

Својата прва победа во 2018 ја остварила на турнирот во Хобарт совладувајќи ја Татјана Марија со 6-4 6-2. Во второто коло Векиќ ја совладала и Маркета Вондрушова од Чешка со 6-4 6-4, пред да биде елиминирана од Хедер Вотсон во четвртфиналето со 6-0 6-4.

ВТА финалиња

[уреди | уреди извор]

Сингл: 5 (2 титули, 3 финалист)

[уреди | уреди извор]
Легенда
Гренд Слем Турнири (0–0)
ВТА тур Чемпионшип (0–0)
Премиер Мандатори и Премиер 5 (0–0)
Премиер (0–0)
Интернешнл (2–3)
Финалиња по подлога
Тврда подлога (1–2)
Земја (0–0)
Трева (1–1)
Тепих (0–0)
Исход Бр. Дата Турнир Подлога Противник Резултат
Вицешампион 1. 15 септември 2012 Ташкент Опен, Ташкент, Узбекистан Тврда подлога Романија Ирина-Камелиа Бегу 4–6, 4–6
Вицешампион 2. 16 јуни 2013 Бирмингем Класик, Бирмингем, Обединето Кралство Трева Словачка Даниела Хантухова 6–7(5–7), 4–6
Победник 1. 20 April 2014 Малезија Опен, Куала Лумпур, Малезија Тврда подлога Словачка Доминика Цибулкова 5–7, 7–5, 7–6(7–4)
Вицешампион 3. 28 септември 2015 Ташкент Опен, Ташкент, Узбекистан Тврда подлога Јапонија Нао Хибино 2–6, 2–6
Победник 2. 18 јуни 2017 Нотингем Опен, Нотингем, Обединето Кралство Трева Обединето Кралство Јоана Конта 2–6, 7–6(7–3), 7–5

ИТФ финалиња (6–8)

[уреди | уреди извор]

Сингл (5–8)

[уреди | уреди извор]
Легенда
Турнири со награден фонд од $100,000
Турнири со награден фонд од $75,000
Турнири со награден фонд од $50,000
Турнири со награден фонд од $25,000
Турнири со награден фонд од $15,000
Турнири со награден фонд од $10,000
Финалиња по подлога
Тврда подлога (5–7)
Земја (0–1)
Трева (0–0)
Тепих (0–0)
Исход Бр. Дата Турнир Подлога Противник Резултат
Вицешампион 1. 18 април 2011 Хвар, Хрватска Земја Босна и Херцеговина Ема Бургиќ 5–7, 6–7(2–7)
Победник 1. 25 јули 2011 Чизик, Велика Британија Тврда подлога Австралија Бојана Бобушиќ 3–6, 6–3, 6–3
Вицешампион 2. 15 август 2011 Вестенде, Белгија Тврда подлога Кина Лу Џијаџинг 4–6, 6–7(4–7)
Вицешампион 3. 17 октомври 2011 Лагос, Нигерија Тврда подлога Украина Елина Свитолина 4–6, 3–6
Вицешампион 4. 24 октомври 2011 Лагос, Нигерија Тврда подлога Белгија Тамарин Хендлер 4–6, 5–7
Победник 2. 19 март 2012 Бангалоре, Индија Тврда подлога Чиле Андреа Кох Бенвенуто 6–2, 6–4
Вицешампион 5. 16 април 2012 Наманган, Узбекистан Тврда подлога Русија Олга Пучкова 6–3, 3–6, 2–6
Победник 3. 14 мај 2012 Фергана, Узбекистан Тврда подлога Украина Надја Киченок 6–2, 6–2
Вицешампион 6. 16 јули 2012 Кампос до Жордао, Бразил Тврда подлога Аргентина Марија Иригојен 5–7, 0–6
Вицешампион 7. 23 јули 2012 Рексам, Велика Британија Тврда подлога Германија Карина Витхофт 2–6, 7–6(7–4), 2–6
Победник 4. 22 April 2013 Истанбул, Турција Тврда подлога Русија Елизавета Куличкова 6–4, 7–6(7–4)
Вицешампион 8. 24 септември 2016 Санкт Петербург, Русија Тврда подлога (i) Русија Наталија Вихлјантсева 1–6, 2–6
Победник 5. 23 октомври 2016 Шарм ел Шеик, Египет Тврда подлога Шпанија Сара Сорибес Тормо 6–2, 6–7(7–9), 6–3.

Двојки (1–0)

[уреди | уреди извор]
Легенда
Турнири со награден фонд од $100,000
Турнири со награден фонд од $75,000
Турнири со награден фонд од $50,000
Турнири со награден фонд од $25,000
Турнири со награден фонд од $15,000
Турнири со награден фонд од $10,000
Финалиња по подлога
Тврда подлога (1–0)
Земја (0–0)
Трева (0–0)
Тепих (0–0)
Исход Бр. Дата Турнир Послога Партнер Противници Резултат
Победник 1. 15 август 2011 Вестенде, Белгија Тврда подлога Обединето Кралство Александра Вокер Белгија Анук Делефортер
Белгија Дебора Керфс
6–4, 6–3

Хронологија на настапите на Гренд Слем турнирите

[уреди | уреди извор]
Векиќ на Вимблсон 2013
Турнир 2012 2013 2014 2015 2016 2017 W–L
Австралија Опен A 2R 1R 1R 1R 2R 2–5
Ролан Гарос A 1R 1R 3R 1R 1R 2–5
Вимблдон A 1R 2R Q2 1R 2R 2–4
УС Опен Q3 2R 1R Q2 Q3 1–2
Победи–Порази 0–0 2–4 1–4 2–2 0–3 2–3 7–16
Турнир 2013 2014 2015 2016 W–L
Австралија Опен A 1R 2R A 1–2
Ролан Гарос A 1R A A 0–1
Вимблдон A 1R A 1R 0–1
УС Опен 1R 1R A Н/П 0–2
Победи–Порази 0–1 0–4 1–1 0–0 1–6
  1. „Wozniacki defeats Vekic to enter 3rd round“. News 18. 17 January 2013. Посетено на 30 October 2016.
  2. „Muguruza se despide de Monterrey“. Marca (шпански). 1 April 2014. Посетено на 4 April 2014.
  3. „Donna Vekic earns first WTA title“. ESPN. 20 April 2014. Посетено на 21 April 2014.
  4. Vekic wins Nottingham title, her first in over three years tennisnow.com 18 јуни 2017
  5. Wimbledon: Johanna Konta beats Donna Vekic in three-hour epic to make it into the third round for the first time

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]