Дона Барбара
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Дона Барбара | |
|---|---|
| Податотека:Dona-Barbara-trioa 484x363.JPG Лого на серијата | |
| Жанр | драма теленовела |
| Создадена од | Ромуло Гаљегос |
| Улоги | Едит Гонсалес Кристијан Меиер Генесис Родигез Марица Родригес |
| Земја на потекло | САД / Колумбија |
| Првичен јазик | шпански |
| Бр. на епизоди | 190 |
| Производство | |
| Извршен продуцент | Аурелио Варкарцел Карол |
| Времетраење | 45 минути |
| Прикажување | |
| Првична мрежа | Телемундо |
| Првично прикажување | 4 август 2008 – 22 мај 2009 |
| Хронологија | |
| Следбеник | Диабло |
| Надворешни врски | |
| tv.telemundo.yahoo.com/donabarbara/index.html | |
Дона Барбара (шпански јазик: Doña Bárbara) е колумбиска теленовела. Серијата во САД со прикажување започна на 4 август 2008 во ударниот термин. Серијата е адаптирана според истоимената книга од 20 век. Во главните улоги се појавуваат Едит Гонсалес и Кристијан Меиер.
Серијата кај нас се емитува на Сител телевизија.
Синопсис
[уреди | уреди извор]Барбара е млада и романтична девојка, одгледана среде џунглата од група венецуелски банди. Таа е лудо вљубена во нејзиниот свршеник Асдрубал, но една трагедија ќе и го одбележи животот засекогаш. Група бандити ја силуваат и го убиваат мажот кој толку го сакала. Од тој момент во неа се раѓа луда желба за одмазда кон мажите. По патот ја среќава Еустакија, една добра жена, која и помага да се помири со тоа и станува како нејзина мајка. Покрај лекувањето, омразата на Барбара кон мажите расте. Таа си ветува дека ќе им се одмазди и ги искористува само за лична сметка. Таа го заведува моќниот Лоренсо Бакеро и му ги краде сиот имот. Измачен, тој запаѓа во беда и алкохолизам. Од врската се раѓа ќерката – Марисела, која е принудена да живее заедно со измачениот татко, бидејќи г-ѓа Барбара не сака да биде мајка. Г-ѓата се претворува во многу богата жена, која управува со целиот регион и сите и се поклонуваат и се плашат од неа. Но, 15 години подоцна во месноста пристигнува Сантос Лисардо. Амбициозниот адвокат дошол од Каракас за да ја додели сопственоста на семејните земји. Тој наскоро открива, дека г-ѓа Барбара контролира со железната рака. Сантос решава да се бори, за да го спаси чичко му Лоренсо, и да ја образува младата Марисела. Барбара се вљубува во Сантос, додека тој се вљубува во ќерка и Марисела. Тоа ќе го направи дејството на љубовен триаголник, во која мајката и ќерката се борат за еден ист маж.
Улоги
[уреди | уреди извор]| Глумци | Ликови |
|---|---|
| Едит Гонсалес | Барбарита ‘Г-ѓа Барбара’ Гуаимаран |
| Кристијан Мејер | Сантос Лисардо |
| Хенесис Родригес | Марисела |
| Марица Родригес | Асунсион |
| Хенкарлос Канела | Асдурбал |
| Кети Барбери | Сесилија |
| Арап Бетке | Антонио Сандовал |
| Пауло Кеведо | Балбино Паиба |
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место Архивирано на 23 август 2008 г.