Дом за бесење
| Дом за бесење | |
|---|---|
Постерот за филмот | |
| Режисер | Емир Кустурица |
| Продуцент | Мирза Пашиќ |
| Сценарист | Емир Кустурица Гордан Михиќ |
| Главни улоги | Давор Дујмовиќ Бора Тодоровиќ Љубица Аџовиќ |
| Жанр | љубовен драма |
| Музика | Горан Бреговиќ |
| Кинематографија | Вилко Филач |
| Монтажа | Андрија Зафрановиќ |
| Дистрибутер | Форум Сараево Хари Салцман Телевизија Сараево |
| Премиера | 21 декември 1988 |
| Времетраење | 140 мин. |
| Земја | |
| Јазик | ромски српскохрватски италијански |
Дом за бесење (српскохрватски: Дом за вешање/Dom za vešanje) — југословенски љубовен драмски филм од 1988 година во режија на Емир Кустурица. Дејствието во филмот ја раскажува припадноста на млад Ром со волшебни моќи, кој е измамен да се вклучи во ситни злосторства. Филмот бил снимен во Сараево, Скопје и Милано. Се смета за едно од најголемите филмски остварувања на Кустурица и бил избран како југословенски предлог за Оскар за најдобар странски филм на Шеесет и второто доделување на наградите Оскар, но не бил номиниран.[1]
Кратка содржина
[уреди | уреди извор]Во оваа жива приказна чиешто дејствие се одвива во поранешна Југославија, прочуениот млад Ром со телекинетички способности Перхан е заведен од светот на брзата заработка со ситно злосторство коешто се заканува да го уништи него и оние кои ги сака.[2]
Злосторникот Ахмед го убедува да ги напушти својата пожртвована баба и девојката која ја сака, како и да ги употреби своите моќи за незаконски да заработи пари. Додека прераснува во возрасен маж и го учи злосторничкиот занает, момчето ја бара својата сестра, која би требало да се наоѓа на операција на ногата, и се обидува да заштеди пари како би можел да го оствари својот сон да се врати дома и да се венча со девојката на своите сништа.[3]
Критички осврт
[уреди | уреди извор]Филмот може да се окарактеризира како уметнички обид една млада, но богата судбина на вонбрачно дете родено во врска меѓу Ромка и војник да се преточи во општа слика на животниот пат. Никој не може така силно и вистинито да го исцрта ликот на оној кој ги презема злото, несреќата и човечкото патење како човек кој никаде не припаѓа, не е ниту Ром ниту нешто друго. Тешко дека целокупната животна вистина може така лесно да се обедини како што е случајот со Перихан и неговата положба. Момчето кому животот му ја носи смртта на мајка си, а татко му засекогаш го напушта, останува да живее со баба си во немаштија, но само материјална, а неговата личност ги обединува искуството, љубовта и виталноста на моралната личност.[4]
Верувајќи дека само почитувањето може да го спаси човека од пеколот и дека само така човек може да воспостави рамнотежа со природата којашто е, по нејзино мислење најважна за човековиот живот, бабата создава лична филозофија и знаење коешто му го пренесува на Перихан. Тоа го чини додека заедно собираат кречен камен којшто го продаваат и од тоа живеат обајцата, Перхановата помлада сестра и неговиот вујко којшто е безделничар и староградски женкар, што е спротивно на Перхан и баба му, но сепак задржува привлечност и некоја чудна топлина и духовност наследена од бабата.[4]
Глумечки состав
[уреди | уреди извор]| Глумец | Улога |
|---|---|
| Давор Дујмовиќ | Перхан |
| Бора Тодоровиќ | Ахмед |
| Љубица Аџовиќ | Хатиџа |
| Хуснија Хасимовиќ | |
| Синоличка Трпкова | Азра |
| Забит Мемедов | Забит |
| Елвира Сали | Данира |
| Суада Каришик | Џамила |
| Предраг Лаковиќ | |
| Мирсад Зулиќ | |
| Ајнур Реџепи | Перханов син |
| Бедрије Халим | Ружа |
| Шабан Ројан | |
| Бранко Ѓуриќ Ѓуро | |
| Един Ризвановиќ | |
| Марјета Грегорац | |
| Борис Јух | |
| Ибро Зулиќ | |
| Адвија Реџепи | |
| Емир Черин | |
| Мурат Јагли | |
| Ирфан Јагли | |
| Јулијана Демировиќ | |
| Назипа Ахметовиќ | |
| Алберт Мамутовиќ | |
| Јадранка Аџовиќ |
Продукција
[уреди | уреди извор]Прв избор на Кустурица за улогата на Ахмед бил Драган Николиќ, но потоа таа му припаднала на Бора Тодоровиќ.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Margaret Herrick Library, Academy of Motion Picture Arts and Sciences.
- ↑ „Дом за вешање“. Филмови. Посетено на 12 април 2020.
- ↑ „Дом за вешање“. РТС. Посетено на 12 април 2020.
- 1 2 „Дом за вешање“. Мој Тв. Посетено на 12 април 2020.
Надоврешни врски
[уреди | уреди извор]- Дом за бесење на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)