Дома (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дома е документарен филм на Ѓорче Ставрески.

Филмот беше сниман во периодот од 20 септември до 5 ноември 2006 година на локации во Македонија (Скопје и Штип) и Хрватска (Загреб и Задар) и претставува значаен чекор во воспоставување на континуирана соработка помеѓу млади македонски и хрватски филмски работници. Во него се портретираат осум поединци кои поради различни причини ја напуштиле својата татковина, преку кои се анализираат прашањата за културните и верските разлики, како и односот на општеството кон поединецот.

ДОМА е испратен на повеќе регионални и меѓународни фестивали за документарен филм. Досега, е влезен во официјалниот регионален натпреварувачки дел на ZagrebDox, фестивалот за документарен филм од Хрватска. На овој фестивал во 2006 година, Ѓорче Ставрески доби посебно признание во регионална конкуренција за режија на филмот Адам и Ева.