Домаќинство за почетници
| Домаќинство за почетници | |
|---|---|
Плакатот на филмот | |
| Режисер | Горан Столевски |
| Продуцент |
|
| Сценарист | Горан Столевски |
| Главни улоги |
|
| Жанр | драма |
| Музика | Ален Синкауз Ненад Синкауз |
| Кинематографија | Наум Доксевски |
| Монтажа | Горан Столевски |
| Студио |
|
| Дистрибутер |
|
| Премиера | 6 септември 2023 г. (Венеција) 5 април 2024 г. (САД) 9 мај 2024 г. (Австралија) |
| Времетраење | 107 минути |
| Земја | |
| Јазик | македонски албански ромски |
| Бруто-заработка | 313.445 долари |
Домаќинство за почетници — македонски драмски филм од 2023 г., напишан, режиран и монтиран од Горан Столевски. Во главните улоги настапуваат Анамарија Мартинка, Алина Сербан, Самсон Селим, Владимир Тинтор, Мија Мустафа и Џада Селим. Филмот е меѓународно сопроизводство помеѓу Македонија, Хрватска, Србија, Косово, Полска, Австралија и САД.
Филмот својата премиера ја имал на 6 септември 2023 г. на 80. меѓународен кинофестивал во Венеција, каде ја освоил наградата „Queer Lion“. Бил избран за македонски кандидат за „Оскар“ за најдобар меѓународен долгометражен филм на 96-тото доделување на Оскарите.[1] Во САД започнал да се прикажува на 5 април 2024 г., а подоцна и во Австралија на 9 мај 2024 г.
Содржина
[уреди | уреди извор]Дина е принудена да ги одгледува двете ќерки на својата партнерка, иако никогаш не тежнеела да биде мајка. Како што се судираат нивните индивидуални волји, се појавува трогателна приказна за борбата на едно необично семејство да остане заедно.
Улоги
[уреди | уреди извор]| Глумец | Улога |
|---|---|
| Анамарија Мартинка | Дита |
| Алина Сербан | Суада |
| Самсон Селим | Али |
| Владимир Тинтор | Тони |
| Мија Мустафа | Ванеса |
| Џада Селим | Мија |
| Сара Климоска | Елена |
| Розафа Челај | Флора |
| Ајше Усеини | Теута |
| Филип Трајковиќ | докторот |
| Ирена Ристиќ | Нела |
| Александра Пешевска | рецепционерката |
| Зиба Радончиќ | медицинската сестра |
| Весна Петрушевска | Сандра |
| Жаклина Стефковска | Сирма |
| Благој Веселинов | Нено |
| Емилија Мицевска | Бети |
| Гораст Цветковски | Алек |
| Александар Степанулески | Никослав |
| Стразо Стаматовски | Мики |
| Славица Манаскова | Васка |
| Јасмина Василева | Стефанија |
| Стефанија Начевска | Елиф |
| Златко Митрески | полицаецот |
| Томислав Давидовски | Кемал |
| Инес Радончиќ | колегата |
Производство
[уреди | уреди извор]Во мај 2022 г. било најавено дека Горан Столевски ќе го режира филмот, а Марија Димитрова ќе биде продуцентка. Снимањето започнало во јули 2022 г. Во февруари 2023 г. било објавено дека глумицата Анамарија Мартинка се приклучила на екипата.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Филмот "Домаќинство за почетници" е македонски кандидат за Оскар за долгометражен интернационален филм“. МКД.мк. Архивирано од изворникот на 2023-09-19. Посетено на 13 септември 2023.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Домаќинство за почетници на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)