Домашен елен

Од Википедија — слободната енциклопедија

Домашниот елен е животно од класата цицачи, ред папкари, подред преживари.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Видовите од родот на елените особено се распространети во Европа, Северна Америка и Северна Африка, а некои се среќаваат на подрачјето на Индо-Малајската област(еленот аксис), и Јапонските острови (сика-еленот). Подвидот што е распространет на Балканскиот Полуостров, па и во Македонија[1] е таканаречен домашен брдски елен (Cervus elaphus montanus Bot.). Сè до минатиот век еленот бил распространет на соодветни подрачја на Балканот. Заради мошне големите промени што се извршија во неговите живеалишта, денес се среќава само уште во Словенија, Хрватска и во Воденина. Постојат сигурни податици дека во нашата земја се одржал сè до денес единствено на планината Кожуф.

Градба[уреди | уреди извор]

Нашиот домашен елен е крупно животно.Должината на телото му изнесува околу 230 см, а височината околу 150 см. Наполно пораснат мажјак може да достигне тежина и до 300 кгр., додека женката е значително помал и нејзината тежина никогаш не преминала од 150 кгр. Мажјакот се нарекуна елен, женката кошута а младото еленче. Роговите, што всушност ги има мажјакот, почнуваат да му растат на 8-10 месеци по раѓањето, односно прво се формира основата на рогот наречена рожиште (високи4-8 см.). Првите рогови што прилегаат на шило, почнуваат да му растат дури од половината на втората година и се во облик на шила. Во месец мај на третата година овие рогови му паѓаат, а потоа му растат други, кои никогаш немаат парожоци(странични израстоци на рогот). Овие втори рогови на еленот му паѓаат во март наредната година и до август истата година му израснуваат трети, кои освен еден до два парожоци имаат и венец на роговите (проширување на основата на рогот). Во наредните години, на ененот редовно му паѓаат роговите кон крајот на февруари или во почетокот на март, а до јули му се развиваат нови, уште посилни, кои можат да тежат и до 15кгр. На овие подоцнежни рогови израснуваат голем број парожоци, кои според местото каде што се израстени се наречуваат: надочни, вметнати или волчјани и среднаци. Убавината и големината на роговите кај еленот зависат како од неговата возраст, така и од видот и квалитетот на исхраната.Возраста на елените не се утвртуда според бројот на парожоците, туку според истрошеноста на неговите заби.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Еленот како преживар се храни со ратителна храна. Поради тоа, тој најчесто пасе на шумските ливади, но при недостиг на сочна трева брсти, така што со откунување на млади фиданки и врвни папки на млади дрвја, понекогаш причинува штети на одделни шумски култури. Освен тоа еленот ги оштетува младите стебла за време на чистешето на своите рогови од мртвата покожилка (баст).

Употреба[уреди | уреди извор]

Месото на еленот, а исто така и неговата кожа, имаат значителна употребна вредност. Сепак тој се одгледува заради роговите како ловечки трофеи.

Размножување[уреди | уреди извор]

Еленот е полигамен вид и за време на парењето оплодува повеќе женки за кои се бори =естоко со другите елени. За време на парењето -месец август- елените во ловиштата рикаат, што е прв знак дека парењето започнало. Женката носи 280 ден, а раѓа едно до две млади во март-април.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ловечки прирачник“, Скопје, октомври 1978