Долно Езеро (Рилско)
Изглед
| Долно Езеро Долното езеро | |
|---|---|
Поглед на езерото | |
| Група | Седум Рилски Езера |
| Координати | 42°12′39″N 23°19′31″E / 42.2109°N 23.3253°E |
| Главни истеци | Џерман |
| Сливни земји | Бугарија |
| Површина | 0,059 км2 |
| Најг. длабочина | 11 м |
| Зафатнина | 0,24 км3 |
| Надм. височина | 2.095 м |
Долно Езеро (понекогаш членувано како Долното Езеро; бугарски: Долното езеро) — планинско езеро на планината Рила, Бугарија. Езерото е едно од Седумте Рилски Езера и лежи на надморска височина од 2.095 метри, со што е најниското во групата.
Зафаќа површина од 59 декари и има најголема длабочина од 11 метри. Долго е 330 м и широко 260 метри. Вкупната водна зафатнина изнесува 240.000 кубни метри.[1]
Езерото е заобиколено со стрмни падини на јужните и источните страни, а западните и северните брегови се обраснати со кривули и смреки. Во Долното Езеро се собира истекот од горните езера, образувајќи го горниот тек на р. Џерман.[1]
Покрај западниот брег минува планинарската патека од домот „Вада“ до домот „Седумте Езера“.
