Долнополошки Срез

Долнополошки Срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија и Кралството Југославија.
Организација и население
[уреди | уреди извор]Кралство Србија
[уреди | уреди извор]После Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Долнополошкиот Срез припаѓал на Тетовскиот Округ, заедно со Горнополошкиот, Поречкиот и Галичкиот Срез. Како центар на срезот бил градот Тетово. Во 1913 година тој имал 20 општини, со 109 села, едно селце, еден град и еден манастир. Градското населние изнесувало 20.070, додека селското население изнесувало 53.669 жители.[1]
| Број | Име на
општината |
Број
на села |
Колку часови е оддалечена
општината од Тетово |
Жители |
|---|---|---|---|---|
| 1 | Брвеничка | 8 | 0:45 | 2804 |
| 2 | Вратничка | 3 | 5 | 1971 |
| 3 | Групчинска | 12 | 4 | 3439 |
| 4 | Гораначка | 4 | 8 | 1308 |
| 5 | Доброшка | 4 | ?[2] | 3060 |
| 6 | Долно-палчишка | 10 | 1:30 | 6466 |
| 7 | Жељинска | 7 | 2 | 2350 |
| 8 | Јажиначка | 5 | 6:30 | 2109 |
| 9 | Лешачка | 3 | 1:30 | 1995 |
| 10 | Милетинска | 3 | 2 | 3160 |
| 11 | Непроштенска | 3 | 1 | 1219 |
| 12 | Раотиначка | 4 | 4 | 1766 |
| 13 | Рогачевска | 4 | 6 | 1972 |
| 14 | Седларска | 3 | 10 | 1268 |
| 15 | Селачка | 9 | 1 | 5154 |
| 16 | Сенокоска | 7 | 4:30 | 4714 |
| 17 | Стенчанска | 3 | 2 | 1987 |
| 18 | Теарачка | 4 | 2:45 | 2928 |
| 19 | Џепчишка | 4 | 0:30 | 2377 |
| 20 | Шемшовачка | 10 | 4:30 | 1622 |
Кралство СХС
[уреди | уреди извор]Во 1921 година, срезот исто така имал 18 општини и еден град. Градот Тетово имал 15.115 жители, а тетовската околина имала 46.414 жители.
Јазик
[уреди | уреди извор]Во градот Тетово, 47% од населението говорело српски или хрватски[3], додека 42% говореле на турски јазик. Од другата страна пак, во тетовската околина 32% говореле на српски или хрватски, а најкористен јазик бил арнаутскиот[4] (66%).[5]
| Јазик | Тетовска околина | Град Тетово | Вкупно | % |
|---|---|---|---|---|
| Српски или хрватски | 14848 | 7120 | 21968 | 35.67 |
| Арнаутски | 30995 | 1298 | 32293 | 52.44 |
| Турски | 483 | 6432 | 6915 | 11.23 |
| Други | 128 | 269 | 397 | 0.66 |
Религија
[уреди | уреди извор]Во градот Тетово 45% од населението било православно, додека 54% биле муслимани. Од другата страна пак, во тетовската околина 30% биле православни и 70% биле муслимани.[6]
| Религија | Тетовска околина | Град Тетово | Вкупно | % |
|---|---|---|---|---|
| Православни | 13826 | 6900 | 20726 | 33.66 |
| Муслимани | 32587 | 8193 | 40780 | 66.23 |
| Други | 1 | 26 | 27 | 0.11 |
Кралство Југославија
[уреди | уреди извор]Во 1931 година, Горнополошкиот Срез имал 19 општини и еден град. Тој бил дел од Вардарска Бановина. Вкупното градско население било 16.359, додека селското население било 54.624. Целиот срез имал 70.983 жители. Како православни се изјасниле 32% од жителите, додека како муслимани 67%.[7]
35% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки[8], 53% говореле на арнаутски[4] и 12% на друг јазик (тука се пресметани најголемиот дел од жителите кои говореле турски јазик).
Во ФНРЈ и СФРЈ
[уреди | уреди извор]По Втората светска војна, Долнополошкиот Срез се преименува во Тетовска Околија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
- ↑ Не е наведено.
- ↑ Македонскиот јазик бил сметан за српски.
- 1 2 Албанскиот јазик бил заведен како арнаутски.
- ↑ „Дефинитивни резултати, попис 1921“ (PDF).
- ↑ http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
- ↑ http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
- ↑ Во иста графа.
