Долнокалифорниска Пустина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Долнокалифорниска Пустина
Baja California Desert.jpg
Долнокалифорниската Пустина близу Катавиња
Baja California Desert map.svg
Местоположба на Долнокалифорниската Пустина
Екологија
ЕкозонаНеарктик
БиомПустини и ксерични грмушки
Граници
Географија
Површина76,296 км2
ЗемјаМексико
ПокраиниДолна Калифорнија и Јужна Долна Калифорнија
Заштита
Заштитен статусрелативно стабилна/сочувана
Глобал 200Да
Заштитен45,940 км2 (60%)[1]

Долнокалифорниската Пустина (шпански: Desierto de Baja California) ― пустински екорегион на Полуостровот Долна Калифорнија во Мексико.[2] Овој еко-регион го зазема западниот дел на Полуостровот Долна Калифорнија и ги зафаќа поголемиот дел на мексиканските држави Јужна Долна Калифорнија и Долна Калифорнија. Зафаќа 77.700 квадратни километри. Климата е сува, но нејзината близина на Тихиот Океан обезбедува влажност и ја умерува температурата. Флората претежно се состои од ксерични грмушки и над 500 видови регистрирани васкуларни растенија.

Географија[уреди | уреди извор]

Екорегионот на Долнокалифорниската пустина се наоѓа на западниот дел на Полуостровот Долна Калифорнија и ги зафаќа повеќето мексикански држави Долна Калифорнија и Јужна Долна Калифорнија. Екорегионот зафаќа 77.700 квадратни километри и го вклучува најголемиот дел од западната падина на Полуостровот. Граничи на запад со Тихиот Океан и на исток со Полуостровските Масиви и се протега од приближно 31º до 24º север. Висините се разликуваат и вклучуваат планински масиви на западниот средишен дел (1000 - 1500 метри), рамнини на средна височина (300 - 600 метри) и огромни проширувања на крајбрежните дини.

Северно од 30 ° северна географска ширина на тихоокеанската падина, Долнокалифорниската Пустина преминува во калифорнискиот крајбрежен жалфиски и чапаралски екорегион. Борово-дабовите шуми во Сиера Хуарез и Сан Педро Мартир ги заземаат повисоките Полуостровски Масиви на север, каде се наоѓаат голем број видови дрвја, вклучувајќи ја и загрозенатакалифорниска палма.[3] Пустината Сонора се наоѓа на североисток. Екорегионот на Ксеричната грмушка од Калифорнискиот Залив се наоѓа источно од Полуостровските Масиви и на југ.

Клима[уреди | уреди извор]

Климата е сува и претежно суптропска, а најјужните делови се тропски. Иако врнежите се слаби, Тихиот Океан обезбедува одредена влажност и ја ублажува температурата во споредба со Пустината Соноран, која се наоѓа на источната падина на Полуостровските Масиви.

Флора[уреди | уреди извор]

Екорегионот е претежно покриен со ксерични грмушки, кои создаваат различни групирања врз основа на височината и условите на почвата. Екорегионот има околу 500 видови на васкуларни растенија, од кои голем број се ендемични, на пример дрвото бојум (Fouquieria columnaris) или притаен ѓавол (Stenocereus eruca).

Фауна[уреди | уреди извор]

Во екорегионот има околу 50 видови цицачи. Големи цицачи вклучуваат мулов елен (Odocoileus hemionus), пустинска големорогова овца (Ovis canadensis nelsoni), пума (Puma concolor), и критично загрозените долнакалифорниска вилорога антилопа (Antilocapra americana peninsularis). Санквинтинскиот кенгурски стаорец (Dipodomys gravipes) и долнокалифорниската карпеста верверица (Otospermophilus atricapillus) се ендемични во екорегионот.[4]

Постојат околу 200 автохтони видови птици, вклучувајќи го златниот орел (Aguila chrysaetos), сивиот сокол (Falco peregrinus), кикиришка каракара (Caracara cheriway), орелот-рибар (Pandion haliaeutus) и був-копач (Athene cunicularia). Милиони патки и гуски презимуваат во крајбрежните лагуни, вклучувајќи ги лагуната Охо де Лиебре, лагуната Сан Игнасио и Магдаленскиот Залив.[4]

Заштитени области[уреди | уреди извор]

Проценка од 2017 година утврдила дека 45.940 километри квадратни, или 60 проценти од екорегионот е во заштитени подрачја. Заштитените области го вклучуваат Биосферниот резерват „Ел Визкаино“ и Заштитната област на флората и фауната „Вале де лос Сириос“; обете заштитени подрачја се протегаат во соседниот екорегионна ксеричната грмушка од Калифорнискиот Залив

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Eric Dinerstein, David Olson, et al. (2017). An Ecoregion-Based Approach to Protecting Half the Terrestrial Realm, BioScience, Том 67, Издание 6, јуни 2017, страници 534–545; Supplemental material 2 table S1b. [1]
  2. Taylor H. Ricketts, Eric Dinerstein, David M. Olson, Colby J. Loucks, et al. 1999. Terrestrial Ecoregions of North America: a Conservation Assessment. Island Press, Washington DC.
  3. C. Michael Hogan. 2009. California Fan Palm: Washingtonia filifera, GlobalTwitcher.com, ed. Nicklas Stromberg
  4. 4,0 4,1 „Baja California desert“. Земски екорегиони. Светски фонд за природа (WWF). (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]