Прејди на содржината

Долна Битиња

Од Википедија — слободната енциклопедија
Долна Битиња
Biti e Poshtme
Населба
Долна Битиња is located in Косово
Долна Битиња
Долна Битиња
Координати: 42°15′11″N 21°02′35″E / 42.25306°N 21.04306°E / 42.25306; 21.04306
ДржаваКосово
ОкругУрошевачки
ОпштинаШтрпце
Надм. вис.&10000000000000849000000849 м
Население (2024)
  Вкупно491
Час. појасCET
  Лето (ЛСВ)CEST (UTC)
Пошт. бр.73000
Повик. бр.0290
Рег. таб.05

Долна Битиња (албански: Biti e Poshtme) — населено место во општината Штрпце, Урошевачкиот Округ, Косово. Според пописот од 2024 година имало 491 жител.[1] Словенското население во селото зборува торлачки и се смета за српско. Селото е претежно српско.

Население

[уреди | уреди извор]
Етнички групи 2024
Срби
 
74,5 %
Албанци
 
25,2 %

Според истражувања од 1938 година, родови во селото се:

  • Српски родови:
    • Староседелци: Лазароќи (5 к.); Крстиќи (2 к.); Јаниќови (2 к.).
    • Доселеници: Бошковиќи (2 к.) доселени се од Вича, подалечно потекло непознато; Стојкови (2 к.), гранка на родот Костинци од Врбештица. И нивното подалечно потекло не е познато. Симоновци (1 к.) доселени се од Гусиње во Црна Гора во средината на XVIII век во Горна Битиња, а оттаму околу 1820 г. еден нивен предок дошол тука како домазет. Ивановиќи или Влајиниќи (15 к.), за нив се мисли дека потекнуваат од предок Влав од Романија, кој се доселил и се оженил во селото.
  • Албански родови:
    • Доселеници: Матош (11 к.) потекнуваат од фисот Сопа во северна Албанија. Прво се населиле во Скопско, а подоцна се иселиле во Елез Хан кај Качаник. Подоцна се преселиле во селото Коштањево на почетокот на XIX век, а овде се населиле околу 1830 г.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. All places: 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 2011, 2024 censuses pop-stat.mashke.org
  2. Урошевић, Атанасије (1948). „Шарпланинска жупа Сиринић“. Годишен зборник на Филозофскиот факултет. Скопје: Филозофски факултет - Скопје: 171 (57).