Прејди на содржината

Долгометражен филм

Од Википедија — слободната енциклопедија
Плакатот на филмот Ричард III (1912)

Долгометражен филм — еден од форматите на филмови. Тој се спротивставува на кусометражниот филм (понекогаш се издвојува и средна категорија на среднометражни филмови). Американската академија за филмска уметност, Националниот институт за филмска уметност и Британскиот филмски институт го определуваат филмот како долгометражен ако трае 40 минути или повеќе. Националниот центар за кинематографија и анимација на Франција го определува 35-милиметарскиот филм како долгометражен ако неговата копија е подолга од 1600 метри (што е точно 58 минути и 29 секунди за звучен филм), а Здружението на филмски глумци на САД смета дека тој не треба да биде пократок од 80 минути.[1]

Во СССР, долгометражни филмови се сметале оние чија должина изнесувала од 1200 до 3000 метри 35-милиметарска лента, односно филмот имал од пет до дванаесет дела (во секој дел околу 250–280 метри).[2] Во Русија, долгометражен се смета филм со времетраење од најмалку 52 минути.

Од 1922 до 1970 г., САД и Јапонија правеле најмногу долгометражни филмови. Од 1971 г., Индија произведува најмногу долгометражни филмови.

На англискиот јазик, поимот feature film (блиску до македонски: „главен дел од програмата“ или „главна привлечност/ѕвезда на програмата“) соодветствува на долгометражен филм.

Неговата употреба е поврзана со тоа што долгометражните филмови, по правило, станувале основни филмови во програмата на кинотеатарот и биле соодветно рекламирани, додека кусометражните филмови, кинорепортажи, сериите или цртаните филмови оделе како додаток. Притоа, фактичката должина на филмот не морала да одговара на целиот метар: првите feature films (односно оние што биле претставени како главни во сеансата) можеле да зафаќаат од две до четири калеми кинолента.

  1. Screen Actors Guild Letter Agreement for Low-Budget Theatrical Features Архивирано на 27 септември 2007 г..
  2. Полнометражный фильм // Большая советская энциклопедия : [в 30 т.] / гл. ред. А. М. Прохоров. — 3-е изд. — М. : Советская энциклопедия, 1969—1978. (руски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]