Дола Алексоска
Изглед
Дола Алексоска ( 1908 во Попоец — 1973 во Попоец) — учесник во НОВ на Македонија.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Учествувала во заднината на народноослободителното движење во селото од пролетта 1942 година и била близок соработник на нејзиниот син, единец, Трифко Алексоски, кој бил убиен есента 1943 година од балистите меѓу Тетово и Гостивар. Таа и по губењето на својот син останала достоен борец на НОВ на Македонија. Изнаоѓала илегални станови и била врска меѓу илегалците кои престојувале во селото. Водела симпатизерска група на жени и со неа собирала народна помош.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |