Прејди на содржината

Доктор Фауст (Рембрант)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Доктор Фауст бакропис од Рембрант, денес во четири состојби. Првично била наречена „Алхемичарот во неговата лабораторија“, во 18 век била именувана „Фауст“. Конечно, нејзиното име било фиксирано откако Гете ја поставил на корицата на изданието „Фауст1790[1].

Овој бакропис го инспирирало Виктор Иго за неговиот роман Богородичната црква во Париз, во кој е опишана лабораторијата на Клод Фроло во поглавјето IV од седмата книга, насловена Ἀνάγκη.

На прозорецот е видлив круг, во неговиот централен дел има четири букви INRI, што одговараат на натписот на распнувањето Христос „Iesus Nazarenus Rex Iudaeorum“, но алхемичарите имаат поинакво толкување на кратенката INRI - „Ignis Natura Renovatur Integram“ - „Целата природа постојано се обновува со оган“.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Предлошка:ACArt