Догу
Догу (土偶) — назив за група на статуетки со човеколик и животински изглед, со потекло од периодот џомон (14.000 – 400 година п.н.е.), од праисториската Јапонија. Во текот на следниот период, јајој, престанува нивната изработка, и од таа причина исклучиво се поврзува со периодот џомон. Постојат повеќе видови на овие статуетки, во зависност од наоѓалиштето на ископување и временскиот период во кој се создадени. Според наодите на Музејаот на јапонската национална историја, вкупниот број на статуетси пронајдени низ Јапонија изнесува приближно 15.000. Повеќето од нив главно се најдени во пределите на источна Јапонија, додека наодите во западниот дел од земјата се вистинска реткост.
Биле користени при погребите, како алегориски приказ на покојникот во вид на камена статуа; но во исто време имале и магиско значење. Се верувало дека е можно да се пренесе болеста од личност на догу, кој потоа би се уништил и со тоа се исцелувал болниот.
Исто така, постои и теорија на древни астронаути со Ерих фон Деникен како нејзин најзначаен претставник. Според оваа теорија статуетките догу всушност се олицотворение на вонземјанска божица.[1][2]
Видови статуетки догу
[уреди | уреди извор]- глави во форма на срце или веѓа во форма на полумесечина
- глави налик на рогат був
- глави со очила
- облик на трудница
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ancient Aliens & Ufos“. Архивирано од изворникот на 20 ноември 2011. Посетено на 27 ноември 2011.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Jomon Pottery Dogu Clay Figurines“. Japanese Pottery Information Center. Посетено на 27. 11. 2011.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Догу“ на Ризницата ? |