Договор за создавање на СССР

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Договор за создавање на СССР
руски: Договор об образовании СССР
украински: Договір про утворення СРСР
{{{image_alt}}}
ТипСојузнички договор
Потпишан30 декември 1922
МестоМосква, Руска СФСР
Истекува26 декември 1991
Унијата се распуштила на последната седница на Врховниот Совет на Советскиот Сојуз
Потписници Руска СФСР
Flag of the Ukrainian Soviet Socialist Republic (1919-1929).svg Украинска ССР
Flag of the Byelorussian Soviet Socialist Republic (1919-1927).svg Белоруска ССР
 Закавкаска Советска Федеративна Социјалистичка Република
State Emblem of the Soviet Union.svg

Дел од серијалот
„Историја на СССР“

(1917–1927)

Руска револуција
Февруарска револуција
Октомвриска револуција
Граѓанска војна
Договор за основање
Економска политика

(1927–1953)

Сталинизам • Голема чистка
Петгодишен план
Втора светска војна
Студена војна

(1953–1964)
(1964–1982)

Реформи од 1965
Стагнација

(1982–1991)

Перестројка
Гласност
Августовски пуч
Распад


Flag of the Soviet Union.svg

Портал:СССР


Договорот за создавање на СССР — договор според кој официјално бил основан Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР), попознат како Советски Сојуз. Де јуре договорот го легализирал сојузот на неколку советски републики и довел до создавање на нова централизирана федерална влада (Конгрес на Советите на Советскиот Сојуз и Централниот Извршен Комитет на Советскиот Сојуз (ЦИК) како легислативни органи, и Советот на Народни Комесари како извршен орган), каде што клучните функции биле централизирани во Москва.

Договорот, заедно со Декларацијата за создавање на СССР бил одобрен на 29 декември 1922 година со конференција на делегациите од Руска СФСР, Закавказска СФРС, Украинска ССР и Белоруска ССР. Договорот и Декларацијата биле потврдени од страна на Првиот Конгрес на Советите на СССР и потпишан од шефовите на делегациите[1] - Михаил Калинин, Михаил Цхакаја, Михаил Фрунзе и Григориј Петровски, Александар Червијаков[2], соодветно на 30 декември 1922 година. Договорот обезбедил флексибилност за прием на нови членови. Затоа, до 1940 година Советскиот Сојуз пораснал од основачките четири републики на 15 републики.

На 8 декември 1991 година, руските, украинските и белоруските претседатели го потпишале Беловешкиот договор. Договорот го прогласил распаѓањето на СССР од страна на нејзините основачки држави и воспоставување на Заедница на Независни Држави. На 10 декември договорот бил ратификуван од страна на украинскиот и белорускиот парламент. На 12 декември договорот бил ратификуван од страна на рускиот парламент, поради што Руска СФСР се откажала од Договорот за создавање на СССР и де факто ја прогласила независноста на Русија од СССР.

На 26 декември 1991 година, СССР бил самораспушен од Врховниот Совет на Советскиот Сојуз.

Причини за договорот[уреди | уреди извор]

Договорот бил резултат на многу внатрешни политички конфликти во Болшевичката партија и владите во Унијата. Првично, Владимир Ленин не сметал дека Октомвриската револуција во Русија ќе ги зацврсти границите на земјата. Ова гледиште било поддржано од Лав Троцки и неговите следбеници, кои верувале дека настаните во Русија се само првиот чекор во идната светска револуција. Меѓутоа, како што Црвената армија се приближувала кон поранешните внатрешни национални и странски граници, на нив им требало изговор да ги преминат истите. Еден таков метод бил создавањето на алтернативна влада, Советска република, која потоа ќе ја преземе власта додека Црвената армија ја собори постојната влада. Ова било случај со Украина, Грузија, Ерменија и Азербејџан и неуспешните кампањи како во Литванија и Полска.

Сепак, крајниот неуспех на Црвената армија во Полската кампања го поставил Планот на Светската револуција на Троцки на чекање. Истовремено, растечката улога на Јосиф Сталин водела поинаква агенда. Во пролетта 1922 година, Ленин го доживеал својот прв мозочен удар, а Сталин, кој во тоа време бил Народен комесар, станал нов официјален претседавач како Генерален секретар на Комунистичката партија.

Сталин сметал дека по крајот на Руската граѓанска војна, воениот комунизам треба да биде заменет со Новата економска политика, со кое ќе дојде до реорганизација на болшевичката држава како единствен суверен субјект. Ова вклучувало и ликвидација на многу расколни советски влади и враќање на највисокото владеење во Москва.

Ова дошло до конфликт со поборниците на т.н. коренизација и некои од локалните власти, особено во Украина (опозицијата на Христијан Раковски) и Грузија (Грузиска афера). Така, договорот можел да се смета како компромис помеѓу различните групи во болшевичкиот камп, за да се задоволат аспирациите на големите малцинства и да се овозможи потенцијално проширување. Белорусија била најмалата република, но сепак нејзините официјални јазици ги вклучувале полскиот јазик и јидиш, покрај рускиот и белорускиот.

Список на претходни договори[уреди | уреди извор]

  • 30 септември 1920 година, Договор за воена и економска унија (Руска СФСР и Азербејџанска ССР)
  • 28 декември 1920 година, Договор за работничко-селска заедница (Руска СФРС и Украина ССР)
  • 16 јануари 1921 година, Договор за работничко-селанска унија (Руска СФРС и Белоруска ССР)[3]

Содржина[уреди | уреди извор]

Оригиналниот документ вклучува насловна страница, декларацијата, договорот (кој содржи предговор и 26 статии) и потписите на делегациите што го потпишале. На насловната страница, името Сојуз на Советските Социјалистички Републики билп напишано на руски, француски, англиски и германски, а на сите тие јазици било напишано и Договор за формирање на Сојузот на Советските Социјалистички Републики. Освен тоа, на насловната страница се наоѓа и оригиналниот државен грб на Советскиот Сојуз.

Во почетокот на декларацијата се објаснува зошто е потребен договорот и наведува три фактори за создавање на сојузот. Според првиот фактор, последиците од Граѓанската војна довеле до уништување на многу од економиите на републиките, а обновата на новиот социјалистички начин се покажало тешко без поблиска економска соработка. Според вториот фактор, странските закани продолжувале да се закануваат на социјализмот поради кое суверенитет на земјата бара сојуз за одбрана. Третиот е идеолошкиот фактор според кој советското владеење е интернационалистичко по природа и ги поттикнувало работните маси да се обединат во едно социјалистичко семејство.

Декларацијата потоа наведува дека произлезениот Сојуз на Советските Социјалистички Републики е оној што се создава по слободна волја на народите, дека негова цел е да ги следи идеалите на Октомвриската револуција, дека секоја социјалистичка република има право да се придружи и да ја напушти Унијата по своја волја, завршувајќи со најава дека договорот ќе послужи како одлучувачки чекор на патот на обединување на сите работници во Светска социјалистичка советска република.

По декларацијата, самиот договор се состои од предговор и 26 статии.

Во предговорот е утврдено дека Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република, Украинската Социјалистичка Советска Република, Белоруската Социјалистичка Советска Република и Закавказската Социјалистичка Федеративна Советска Република (Грузија, Азербејџан и Ерменија) кои дејствуваат според слободна волја, се согласуваат да формираат единствен Сојуз на Советските Социјалистички Републики.

  • Член 1 ги наведува компетентноста на надлежностите што ги содржат органите на сојузот. Тие ги вклучуваат сите надворешни работи; меѓународни договори; промена на надворешните граници; проширување на сојузот со прифаќање на нови републики; прогласување војна и согласување на мир; странска и домашна трговија; орган за економски развој; создавање на единствена поштенска и транспортна услуга; вооружени сили; внатрешна миграција; создавање на единствено судство, образование и здравствени услуги. На тој начин, горенаведеното ќе биде експлицитно контролирано директно од надлежните на сојузот. Освен тоа, конечната клаузула е експлицитно наведена, дека властите на сојузот сега би можеле да ги укинат актите на сите републички власти (било да е тоа Конгресите на Советите, Советите на Народните Комесари или Централни извршни комитети) кои се сметат дека го прекршиле овој Договор.
  • Членовите 2-10 ја определуваат структурата на врховните власти на сојузот. Законодавната власт, според договорот, е во Конгресот на Советите на Советскиот Сојуз и меѓу конгресите што требало да ги спроведе Централниот извршен комитет на Советскиот Сојуз (ЦИК). Делегатите на Конгресот треба да бидат избрани од страна на локалните жители претставени од еден избран претставник од 25.000 гласачи во урбаните средини и еден по 125.000 гласачи во руралните средини. Делегатите на Конгресот ќе бидат избрани од локалните Совети на Губернијата, а не од републиките. Конгресот ќе се одржува секоја година, или може да биде повикан на барање на најмалку две републики или на барање на ЦИК. ЦИК ќе биде главното тело за извршување на извршните функции меѓу конгресите, кој ќе се состои од 371 лице, чии членови се пропорционално застапени на населението на сојузот, а избрани од Конгресот. ЦИК четири пати годишно ќе се состанува редовно, додека нередовните седници можат да бидат повикани на барање од владата на сојузот (Советот на Народни комесари) или од една од конститутивните републики. Конгресот и ЦИК ќе се одржат во главните градови на републиките на сојузот по редоследот што ќе го одреди Президиумот на ЦИК.
  • Членот 11 го назначува извршниот орган, Советот на Народни Комесари (СНК). Членовите на советот се назначени од ЦИК и вклучуваат десет комисари, како и претседатели и негови заменици.
  • Членот 12 ги специфицира функциите на Врховниот суд на Советскиот Сојуз (под контрола на ЦИК) и тајната полиција. Создавањето на овие две тела, било оправдано како мерки за надминување на криминалните и контрареволуционерните елементи.
  • Членовите 13-17 ја специфицират рамката за правните постапки помеѓу највисоките тела на сојузот (ЦИК и СНК) и оние на секоја република. Сите декрети од ЦИК на сојузот треба да се ефикасни во секоја република. Исто така, било потврдено повеќејазичниот аспект на сојузот, наведувајќи дека сите декрети на сојузот треба да бидат испечатени на официјалниот јазик на секоја конститутивна република (руски, украински, белоруски, грузиски, ерменски и турски (т.е. азербејџански)). Било нагласено дека резолуцијата на СНК на сојузот може да биде поништена од ЦИК или нејзиниот Президиумот на сојузот, и доколку републичкиот ЦИК одлучи да протестира против резолуцијата или декретот на ЦИК на сојузот, а протест не ја прекинува имплементацијата на документот.
  • Во членот 18 се наведени властите што ќе ги задржат Републиките и ќе ги специфицираат нивните Совети на Народни комесари, секој да има претседател, неговите заменици, единаесет комесари и претставници со советодавните гласови на неколку комесари на ниво на сојузот, а особено за надворешни работи, одбрана, надворешна трговија, транспорт и логистика.
  • Во исто време, членот 19 ги ​​специфицира органите на републиканско ниво, Врховниот совет за национална економија, комисиите за снабдување со храна, финансии и труд, како и советската инспекција
  • Членот 20 расправа за буџетите на републиките кои треба да го формираат буџетот на сојузот и дека сите трошоци и расходи од страна на републиките ќе бидат утврдени од ЦИК на сојузот. Покрај тоа, буџетот исто така ќе го одреди и уделот на добивката, доколку ја има, секоја република ќе ја добие.
  • Членовите 21-23 се однесуваат на создавање на едно советско државјанство, државна симболика (знаме, национална химна и грб) и наведуваат дека главниот град на сојузот е Москва.
  • Членот 24 бара републиките да ги изменат уставите во врска со договорот.
  • Членот 25 наведува дека сите амандмани, дополнувања или измени на договорот може да ги врши само Конгресот на Советите на сојузот.
  • Членот 26 ја потврдува клаузулата во декларацијата каде што секоја република има право да го напушти сојузот.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]