Добромир Хрс

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Добромир Хрис)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден XII век
Починал XIII век


Добромир Хрс — средновековен македонски владетел на областа околу денешниот град Струмица, со центар во Просек, околу денешниот град Демир Капија.

Осамостојување[уреди | уреди извор]

Почетокот на владеењето на византискиот император Исак II Ангел (1185-1195) е време кога новонараснатите феудални моќници ќе прераснат во значаен политички фактор. Голем дел во слабеењето на централната византиска власт имале и норманските навлегувања на Балканот, кои ќе обезбедат плодни услови за осамостојување на некои феудалци од разлабавената централна власт. Еден од нив бил и Добромир Хрс кој бил активен во централниот дел на Македонија. На почеток Хрс располагал со 500 вооружени луѓе и одржувал мирни односи со цариградскиот двор. Во 1189 година крстоносците на чело со Фридрих I Барбароса (oд Третиот крстоносен поход) навлегле на Балканот, на тоа се надоврзале и српските власти при што успеале од Византија да ѝ го преземат и градот Скопје, сета таа мешаница Хрс ќе је искористи да се осамостои во струмичката област. Како владател на тој дел тој успеал дури да стапи во контакт и со Фридрих I, при што и делегација од Крстоносците му била во официјална посета на дворецот. После заминувањето на крстоносците од Балканот, Хрс бил затворен, но за брзо време бил помилуван.

Опсадата на Просек[уреди | уреди извор]

За време на Алексиј III Ангел (1195-1203) Хрс повторно се осамостојува во Струмица, и го освојува градот Просек кој бил со извонредна положба во демиркаписката клисура на левиот брег на Вардар. Во својата нова база Просек откако обезбедил доволно оружје и намирници презел голем поход при што неговата територија ја проширил на запад и југ до Прилепската тема (тема е административна област), на север до Скопје, на исток до Малешевијата, до Мородвизд и на југоисток до Струмица. На својата територија ги укинал византиските закони и вовел свои. После катастрофалниот пораз што и го нанел Хрс на Византија 1199 кај Просек, византискиот император се согласил на безусловен мир, при што му била признаена власта над Струмица и Просек и бил назначен за жупан над истите. Својата власт ја зацврстил и со брак со ќерката на византискиот протостратор Маноил Камиц. Со овој чин Хрс на свое (самостојно) располагање ја имал речиси цела централна Македонија. После апсењето на неговиот дедо Маноил од страна на Бугарите, Хрс повторно ги заладил односите со визнатискиот двор бидејќи не сакал да плати откупни на за истот на бугарските власти. Хрс со свои средства го ослободува и презема одмаздички акции во делот на Пелагонија, при што движејќи се на југ успева да продре до Тесалија и да иницира востание во Елада кое резултирало со отклонување на пелопонез од византиската власт. Гледајќи ја сериозноста Византија ја мобилизирала речиси целата војска и на Хрс и неговиот дедо Маноил Камиц им задале голема контраофанзива при што за кратко време војниците на Хрс биле приморани да се повлечат во Просек. Целата територија на Хрс веќе била повторно во рацете на Византијците. 1201 византиските војски ја зазеле Струмица. Хрс бил сега потиснат во изолираниот Просек, но успева некако со своите телохранители да се извлече, при што понатака му се губи секаков траг.

Литература[уреди | уреди извор]