Добролишча

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Добролишча
Καλοχώρι
Добролишча се наоѓа во Грција
Добролишча
Координати: 40°28′ СГШ 21°07′ ИГД / 
Земја Грција
Област Западна Македонија
Округ Костурски округ
Општина Костур
Општ. единица Костур
Надм. вис. 681 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно 458
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)

Добролишча (грчки: Καλοχώρι, Калохори, до 1928 Δοβρόλιστα, Довролиста)[2] — село во Општина Костур во Костурски округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 17 километри југозападно од градот Костур (Касторија) и Костурското Езеро. Кон територијата на селото е присоединета напуштената населба Чрчишта. Селото се наоѓа на надморска височина од 681 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 15 век во Добролишча биле евидентирани 140 глави на домаќинства[3]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Добролишча имало 270 жители Македонци и 160 муслимани[4][5]

Во почетокот на 20 век целото население на Добролишча било под влијание на Цариградската патријаршија, но по Илинденското востание во почетокот на 1904 година поминало под влијание на Бугарската егзархија.[6]. Истата година турските власти не дозволиле да се отвори егзархиско училиште во селото[7]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 328 македонски егзархисти и 32 Власи[4][8].

Според грчката статистика од 1905 година селото било чисто грчко со 500 жители[9]. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади на чело со Николаос Платанијас.[10]. Во октомври 1906 година отоманските сили во селото го убиле војводата Никола Добролитски и двајца негови четници[11]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 30 турски и 50 македонски семејства[12], додека според Георги Христов имало и едно влашко семејство.

Во текот на Втората Балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[13]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 468 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 434 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било прекрстено во Калохорион.[14]

Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на италијанските окупатори[15], по кое било предадено на бугарските сили. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. Голем дел од населението било малтретирано[16]. 13 деца од селото биле протерани како деца бегалци, додека имало и 13 политички убиства.[17].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 455 жители.[18], додека во 1940 година селото броело 634 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 585 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 520 жители, во 1971 година имало 458 жители, во 1981 година имало 475 жители, додека во 1991 година имало 459 жители[19]. Денеска, населението на селото е 458 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 634 585 520 458 475 459 458 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија


Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Добролишча
Починати во Добролишча
Други

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Καλοχώρι
  3. Гандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и изкуство, II изд., София, 1989.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 266.
  6. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том I, София, 1993, стр. 125.
  7. Райчевски, Стоян. 1904 – 1906 Гоненията на българите в Македония и Одринско. София, 2011, стр. 34 – 36.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 182-183.
  9. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kalohori.
  10. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 220.
  11. Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 170.
  12. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.
  13. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 11. 
  14. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  15. Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
  16. Пејов, Наум. Македонците во Граѓанскага војна во Грција, Скопје 1968, с. 125.
  17. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kalohori.
  18. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  19. Folketeljing 2011, revidert
  20. Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009
  21. Koliopoulos Plundered Loyalties, 1999, стр.52, 151-152, 226-227
  22. 22,0 22,1 22,2 Koliopoulos Plundered Loyalties, 1999, стр.150-151
  23. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 702.
  24. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 716.
  25. Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 155.
  26. Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009
  27. Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009