Добровени

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Добровени (Леринско))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Добровени
Добровени is located in Македонија
Добровени
Местоположба на Добровени во Македонија
Координати 40°57′59″N 21°37′0″E / 40.96639° СГШ; 21.61667° ИГД / 40.96639; 21.61667Координати: 40°57′59″N 21°37′0″E / 40.96639° СГШ; 21.61667° ИГД / 40.96639; 21.61667
Општина Општина Новаци
Население 18 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 724 м
Слава Митровден
Добровени на општинската карта
Добровени во Општина Новаци.svg

Атарот на Добровени во рамките на општината
Commons-logo.svg Добровени на Ризницата

Добровени е село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Dobroveni, Novaci Municipality, Macedonia (Добровени,Македонија).jpg
Панорама на Добровени

Селото се наоѓа во долината на Црна Река, југоисточно од Битола. Селото Добровени се наоѓа на крајниот југоисточен дел на Битолското Поле. Низ него поминува асфалтиран главен пат што води од Битола за Старавина. Од Битола е оддалечено 33 км. Селото е рамничарско на надморска висина од 580 метри. Во непосредна близина, од северната страна, тече Црна Река. Жителите се Македонци. Соседни села се: Скочивир, Сливица, Брод, Бач и Живојно. Атарот зафаќа површина од 15.3 км2. На него преовладуваат пасиштата, а обработливо земјиште е само 433,2 ха. Населбата има полјоделско-сточарска функција1 Населбата е електрифицирана во 1957 година, водовод не е изграден, а населението со вода за пиење се снабдува од две јавни чешми. Патот е асфалтиран во 1988 година.

Историja[уреди | уреди извор]

Оро во Добровени за време на Првата Светска војна

Името на селото Добровени за прв пат се среќава во турските пописни дефтери од 1468 година каде е запишано како Добровјани. Во тоа време биле регистрирани 41 христијански семејства со 205 жители. Во прегледот на жителите стои забележано, меѓу другите, и името на поп Калојан 2. Во основата на името на селото е името Добре, Добреш и сл. Подоцна името на селото се видоизменило и го добило денешното име Добровени. Изградиле христијански храм во 1886 година посветен на светецот Свети вмч. Димитриј Солунски, а селска слава им е Митровден кој се празнува на 8 ноември.

Српската власт по Првата светска војна извршила колонизација на селото. Така од 1929 година па до 1938 год. биле доселени вкупно 5 српски семејства.4, За времето на бугарската окупација во 1941 година, српските колонисти биле протерани.

Во XIX век селото е дел од Битолската каза во Отоманската Империја.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Добровени живееле 225 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Добровени имало 288 Македонци, егзархисти.[2]

Според пописот од 2002, селото брои 18 жители, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 225[1] 288[2] 318 338 362 303 223 47 44 18

Родови[уреди | уреди извор]

Добровени е македонско православно село, во селото има староседелски и доселенички родови. Родови во Добровени се: Наумчевци (3 куќи), Тодоровци (2 куќи), Кулевци (2 куќи), Белчевци (1 куќа), Печковци (1 куќа), Петревци (10 куќи), Јанаќијевци (5 куќи), Новчевци (2 куќи), Цингаловци (3 куќи), Ристевци (1 куќа), Зунини (1 куќа) и Нолевци (1 куќа) староседелски родови, кои живееле во месноста Старо Село, во атарот на Добровени; Мијаковци (4 куќи) доселени се од мијачкиот крај, они најпрво оделе во околината на Солун, каде паселе стока, но потоа го напуштиле сточарскиот живот, и се населиле во Добровени; Поповци (5 куќи) доселени се во турско време од селото Сливица; Кулевци (1 куќа) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Скочивир, Мариово, и овде влегол во родот Наумчевци; Јотовци (1 куќа) доселени се од селото Сливица; Љатевци (1 куќа) доселени се од селото Полог; Димовци (3 куќи) доселени се од селото Скочивир.[5]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[6]
Археолошки локалитети[7]
Споменици

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249.
  2. 2,0 2,1 Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София 1943, с. 212-213.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. 1914-1997., Trifunoski, Jovan F., (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670252678. OCLC 469501519. http://worldcat.org/oclc/469501519. 
  6. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  7. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]