Добре Исајловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Добре Исајловски
Роден 1914 година
Леуново, Кралство СХС
Починал декември, 1942 година
Јајинци (Белград), Србија
Стрелан од страна на Гестапо
Народност Македонец

Добре Исајловски (Леуново, Гостиварско, 1914 - Јајинци, Белград, Србија, 1942) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и Југославија, учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Споменик на борците за слобода и жртвите на фашизмот од Леуново, меѓу кои е и името на Добре Исајловски.
Инфо табла во спомен паркот во Јајинци (Белград), каде е стрелан и Добре Исајловски.

Уште како дете заминал на печалба во Белград. Во почетокот работел како келнер, а во исто време и учел, така што успеал да се здобие со високо образование и да стане банкарски работник. Како печалбарски работник имал можност да се запознае со сите тешкотии на печалбарскиот живот, со експлоатацијата и обесправеноста на работничката класа и со се она што го носеле со себе буржоазијата и ненародниот режим. Рано се вклучил во младинското и синдикалното движење, учествувајќи во разни штрајкови, демонстрации и во други активности што ги организирала КПЈ. Како признание за својата неуморна револуционерна работа, во 1940 година, бил примен за член на КПЈ. Непосредно пред војната бил мобилизиран, а по капитулацијата на кралската југословенска војска паднал во заробеништво како резервен потпоручник. Набрзо, како и повеќето Македонци, бил ослободен, а потоа преку Софија повторно заминал во Белград каде што веднаш се вклучил во револуционерното движење на Белград. Во ноември 1941 година, веќе бил секретар на една партиска ќелија, а подоцна бил провален, уапсен од Гестапо и стрелан во декември 1942 година во Јајинци.

При иследувањето во затворот, како и непосредно пред стрелањето, херојски се држел. Иако многу знаел за белградската партиска орrанизација, тој никого не предал. Токму затоа уште повеќе бил мачен од полицијата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Синадиновски, Јаким; Груевски, Зоге (1976). Трите мавровски села. Скопје: Заедница на научните дејности. стр. 265.