Доберман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

По правило доберманот важи за типично куче на еден човек. На господарот, кого еднаш го признал, настроен е безусловно да му се подреди и да го признае како водач на дружината. Доберманот е изразен тркач, тој е значително брз и поиздржлив од другите службени раси.


Карактеристики[уреди | уреди извор]

Ова куче има средна големина, силно е и мускулесто и се одликува со елегантно движење, брзина и темперамент. Главата му е клинеста, плитка и многу слаба. Ушите кои му се во облик на конус ги носи исправени. Телото му е во форма на квадрат. Движењето му е еластично - оди како да е на пружина. Особено е омилен заради големата верност кон господарот и непоткупливоста.