Дно (книга)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дно
АвторАнче Пешева
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
ИздавачБиблиотека „Благој Јанков - Мучето“ - Струмица[1]
Издадена
2013
Медиумпечатено издание
Страници128

Дно — дело на Анче Пешева.[2]

Заплет[уреди | уреди извор]

Мими е наивна и многу симпатична девојка, која многу малку добива љубов од своите родители кои пак се во потрага по егзистенција, а при тоа забораваат на најважното во животот - детето. При една сосема случајна средба таа се запознава со многу постариот Блажо, кој е дилер а при тоа е и главен во создавањето на клиентела за нарко-босовите. Но, секако Мими тоа не го знае, а искусниот Блажо ја забележува нејзината наивност и ѝ се приближува, при тоа убедувајќи ја во своите “сосема чисти“ намери дека нема да ѝ наштети. Мими се сомнева во неговото инсистирање да се гледаат, но никако не може да претпостави до каде ќе стигне со него.

При една “случајна“ средба тој на многу вешт начин ја наговара да го посети неговиот дом и тука започнува целата приказна и голгота со која малолетната и неискусна Мими треба да се соочи. Длабоко навлегува во канџите на злото кое го предизвикува дрогата за која таа не ни свесна на почетокот оти ја консумира, за на крајот сосема да го допре дното на животот, но и не само тоа туку и многу повеќе од самото дно. Таа стигнува и до друго одредиште, односно запаѓа и во бело робје каде што многу посурово се однесуваат со неа, односно ја третираат како безвреден предмет, газејќи по нејзината чесност и достонство.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Дно“. kupikniga.mk. Посетено на 24 мај 2020.[мртва врска]
  2. 2,0 2,1 Анче Пешева. „Дно - Анче Пешева“. sakamknigi.mk. Посетено на 24 мај 2020.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]