Дневни светла
Дневни светла – делови на моторни возила на предниот дел на возилото кои емитуваат бела светлина и автоматски се палат при вклучување во работа на возилото за да се зголеми забележливоста на возилото. Од 7 февруари 2011 година се задолжителни за новопроизведените возила. Денес производителите се обврзани да ги опремуваат со вакви светла лесните и малите товарни возила.
Намена[уреди | уреди извор]
За разлика од соборените светла чија основна намена е возачот да може да го гледа патот пред себе, намената на дневните светла е возилото да биде лесно забележливо од другите учесници во сообраќајот, особено при разминување, со што се зголемува безбедноста во сообраќајот.
Безбедносни придобивки[уреди | уреди извор]
Од седумдесеттите години на XX век направени се бројни студии ширум светот чии заклучоци се дека запалени светла дење ја подобруваат безбедноста.[1][2][3]
Ефект на амбиенталната светлина[уреди | уреди извор]
Користење на светла дење најпрво е воведено, и најпрво се забележани безбедносните придобивки, во скандинавските земји каде е постојано мрачно во текот на зимата. Колку дневната светлина е појака, толку е помала безбедносната придобивка, додека потребниот интензитет на дневните светла за зголемување на безбедноста се зголемува. Така безбедносната придобивка од дневните светла во релативно мрачните нордиски земји е отприлика трипати поголема отколку придобивката во релативно светлата Америка.[1]
Влијание на околината[уреди | уреди извор]
Потрошувачката на енергија многу зависи од употребената технологија. Некои системи не надминуваат 8 W (ЛЕД), додека други надминуваат и 200 W (жарулките во фаровите). Меѓународните регулативни тела, особено во Европа, работат на изнаоѓање рамнотежа меѓу зголемената безбедност и зголемувањето на потрошувачка на гориво заради нивното користење. Заради тоа што потребната електрична енергија за функционирање на светлата ја произведува моторот, доаѓа до зголемена потрошувачка на гориво, а со тоа и зголемување на издувните гасови (CO2). Во зависност од интензитетот на сообраќајот зголемениот јаглерод диоксид може да биде доволен за да го загрози протоколот од Кјото.[4] Заради ова, форсирани се решенија со мали моќности, а користењето на моќните соборени светла и магленки не се дозволени за возилата произведени од 2011 година. Потрошувачката на гориво може значително да се намали со користење на 8 до 20 ватни наменски дневни светла засновани на ЛЕД или високоефикасни светилки.
Регулатива во Европската Унија[уреди | уреди извор]
Директиваа 2008/89/ЕК на Европската Унија бара сите патнички возила и мали доставни возила одобрени после 7 февруари 2011 година во Европската Унија да бидат опремени со посебни дневни светла.[5][6][7] Обврската е проширена со камионите и автобусите во август 2012 година.[8] Функционална замена, како соборени светла или магленки како дневни светла, не е дозволена.[9] Европската директива бара функционални посебни дневни светилки кои се во согласност со Регулативата 87 и монтирани на возилото во согласност со Регулативата 48.[10] Дневните светла што се во согласност со Р87 емитираат бела светлина меѓу 400 и 1200 кандели.[11]
Употребата на светла во текот на денот зависи од регулативата на поедините земји. Во некои задолжително е користење на светла дење вон населени места, во некои во текот на зимата, а постојано задолжителни се во следниве земји (нецелосен список): Австрија, Данска, Естонија, Исланд, Италија, Кипар, Летонија, Литванија, Македонија, Молдавија, Норвешка, Полска, Словенија, Србија, Унгарија, Финска, Црна Гора, Чешка, Швајцарија и Шведска.
Во Македонија употребата на посебни дневни светла не е законски регулирана, а користењето на светла дење е определено со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата според кој „Во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот.“ [12]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 A Review of Daytime Running Lights PDF (1.7 MB)
- ↑ „Review of the Literature on Daytime Running Lights“. Архивирано од изворникот на 2012-03-19. Посетено на 2016-01-03.
- ↑ „IIHS: North American DRL studies“. Архивирано од изворникот на 2012-04-26. Посетено на 2016-01-03.
- ↑ DRL fuel consumption calculations
- ↑ Europa.eu Press Release "New cars equipped with daytime running lights as of today"
- ↑ EU to make DRLs mandatory from 2011
- ↑ „AL-Automotive Lighting DRL info“. Архивирано од изворникот на 2009-04-29. Посетено на 2016-01-03.
- ↑ European Commission Enterprise and Industry web page on DRLs
- ↑ DRL Mandate Takes Effect in Europe, R48 Countries (subscription required)
- ↑ E.U. Directive 2008/89/EC
- ↑ „ECE Regulation 87, Revision 2“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-07-12. Посетено на 2016-01-03.
- ↑ Службен весник - Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Дневни светла“ на Ризницата ? |
- European Union Directive 2008/89/EC which mandates Daylight Running Lights on all new cars throughout the EU.