Дневниците на билкарката
![]() Корицата на првиот том на лесниот роман, вклучувајќи ја Маомао | |
Автор | Нацу Хјуга |
---|---|
Жанр | драма тајни романса |
Дневниците на билкарката (англиски: The Apothecary Diaries, јапонски: 薬屋のひとりごと, букв. Монологот на билкарката) — јапонски лесен роман на Нацу Хјуга со илустрации на Токо Шино, врз основа на кои подоцна почнале да се појавуваат адаптации на манга и аниме [1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Лесниот роман се одвива во измислена страна вдахната од Средновековна Кина. Во нејзиното срце е 17-годишната Маомао, ќерка на вешт билкар со широко разбирање за медицината, болестите и отровите. Нејзиниот живот добива остар пресврт кога е грабната од разбојници и продадена во ропство во императорската палата.
Остриот ум и издржливоста на Маомао брзо го привлекува вниманието на Џинши, главниот евнух на надворешната палата, кој ја назначува за лична слугинка и дегустаторка на отрови на една од четирите постари наложници на императорот. Меѓутоа, нејзината улога се протега надвор од дегустацијата; Џинши често ја ангажира нејзината стручност за да ги открие тајните околу труењата и болестите што ги мачат жителите на внатрешната палата, втурнувајќи ја во мрежа од интриги и опасност.[2][3][4]
Ликови
[уреди | уреди извор]Маомао (јап. 猫猫) — скромна ќерка на билкар што живее во предградието на градот, давајќи ги своите услуги на курварница и нејзините блудници. Нејзиниот живот добива остар пресврт кога е одвлечена од разбојници и продадена во императорската палата, каде што несвесно се заплеткува во палатската интрига. Надоврзувајќи се на нејзиното широко познавање за отровите, медицината, растенијата и основната хемија, таа прераснува во неслужбен судски патолог, а истовремено служи и како дворска дама и дегустаторка на отрови за една од наложниците на императорот.
Иако Џинши, главниот евнух, е заљубен во неа, таа не чувствува ништо друго освен презир кон него, често гледајќи кон неговите манипулации со одвратност. Таа негодува да биде вовлечена во коварните игри на палатата, претпочитајќи наместо тоа да експериментира со разни отрови и лекови врз себе. И покрај нејзината неподготвеност, таа се наоѓа себеси како му помага во разоткривањето на тајните што тој ги претставува, заглавена помеѓу нејзината желба за независност и барањата на опасниот свет.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „The Apothecary Diaries: Everything we know so far“. www.dexerto.com (англиски). Архивирано од изворникот 2024-01-14. Посетено на 2024-01-14.
- ↑ „The Apothecary Diaries's MaoMao Is the Best Female Sherlock Holmes“. www.cbr.com (англиски). Архивирано од изворникот 2024-01-19. Посетено на 2024-01-14.
- ↑ „Apothecary Diaries Review: New Crunchyroll Anime is Everything Fans Want“. screenrant.com (англиски). Посетено на 2024-01-14.
- ↑ „Introduction“. kusuriyanohitorigoto.jp (јапонски). Архивирано од изворникот 2023-10-21. Посетено на 2024-01-14.