Прејди на содржината

Дневник на друга зима

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Дневник на друга зима“ (српски: Дневник друге зиме) — роман на српскиот писател Срѓан Ваљаревиќ од 2005 година. Во 2015 година, романот бил објавен на македонски јазик од издавачката куќа Македоника литера.[1]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Романот нема класично дејствие, туку е напишан во форма на дневник во кој раскажувачот го опишува процесот на закрепнувањето од болеста. Имено, како последица на алкохолизмот, раскажувачот заболел од невропатија поради што, по болничкото лекување, летото го поминал на рехабилитација во еден стационар. По напуштањето на стационарот, тој е принуден редовно да се движи со цел да го поттикне заздравувањето на периферниот нервен систем. Така, тој секојдневно шета низ Белград, а во текот на зимата води дневник во кој ги бележи секојдневниет активности и случки, како и сеќавањата од престојот во болницата и во стационарот. Инаку, тој е писател кој има ограничен круг пријатели, а времето го минува претежно читајќи книги.[2]

Осврт кон делото

[уреди | уреди извор]

За романот, Ваљаревиќ ја добил наградата „Биљана Јовановиќ“. Во освртот кон делото, Теофил Панчиќ ја истакнува раскажувачката техника на авторот како уличен шетач-раскажувач кој брилијантно ги воочува и препознава секојдневните случки, глетки и настани, како своите така и на другите луѓе, и без трошка накитеност и претенциозност нив ги преточува во малечки лирски медалјони. И во приказот на Actes Sud се истакнува нарацијата која не е оптоварена од товарот на стилските и реторички фигури со која авторот ја исцртува топографијата на својата душа и истовремено гради впечатлива слика на своето време.[2]

  1. makedonikalitera.mk (пристапено на 26.1.2026)
  2. 1 2 Srđan Valjarević, Dnevnik druge zime (četvrto izdanje). Laguna, Beograd, 2019.