Прејди на содржината

Дневникот на Фериде

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дневникот на Фериде
Жанрдрама
Напишана одСевги Јилмаз
Режирана одЧаган Ирмак
Доган Умит Караџа
УлогиБурак Озчивит
Фахрије Евџен
Земја на потеклоТурција Турција
Првичен јазиктурски
македонски (сихронизација)
Бр. на сезони1
Бр. на епизоди30
Производство
Продуцент(и)Тимур Савџи
МестоположбаИстанбул
Прикажување
Првична мрежаKanal D (Турција)
Алфа ТВ (Македонија)
Првично прикажување24 септември 2013 - 17 мај 2014
Надворешни врски
Мрежна страницаcalikusudizi.tv

Дневникот на Фериде (тур: Çalıkuşu) е турска телевизиска серија од 2013 година. Серијата во Македонија се емитуваше на Алфа ТВ во 2014 година.

Сихронизација вршеле нашите познати глумци Трајанка Илиева, Дарко Велиќ, Гордана Ендровска, Диме Илиев, Марија Кондовска, Анастас Тановски, Маја Вељковиќ-Пановска, Афродита Кирјаковска, Мики Анчевски и Маја Вељиќ. Аудио и видео обработка Зоран Рудан-Цеки.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Ова е приказна за Фериде, девојчето - сирак кое како мало останало без своите родители и од тогаш почнува да ја раскажува својата животна судбина. Во зима го посетува францускиот интернат во Истанбул, а летниот одмор го поминува кај семејството на својата тетка. Во училиштето го добива прекарот "чучулига", птица чие име значи ведрина и ѓаволштина, карактеристики кои не биле специфични за муслиманските девојки во тоа време. Иако пораснала без своите родители, таа не се чувствува осамено. Има многу пријатели на училиште, а исто така е сакана и од нејзините тетка и тетин. Нејзината тетка има две деца, синот Камран и ќерката Неџмије. Неџмије е постојано љубоморна на својата братучетка поради тоа што целото внимание на семејството е свртено кон неа, а пак Камран е млад и успешен доктор кој ужива многу симпатии кај женскиот пол.

Иако Фериде и Камран постојано се караат без никаква причина, тие длабоко во себе кријат голема и искрена љубов. Кога конечно се свесни за тоа, решаваат да се венчаат. Но на денот пред венчавката, Фериде открива дека Камран ја изневерува. Повредена и тажна, Фериде остава се зад себе. Го напушта семејството, ги напушта пријателите, го напушта Истанбул и заминува во друг град да работи како учителка. Нејзиниот живот се менува, но таа никогаш нема да ја заборави првата љубов и првото разочарување.

Глумец Улога
Фахрије Евџен Фериде
Бурак Озчивит Камран
Бегум Кутук Јашоглу Нериман
Дениз Џелилоглу Селим
Мехмет Озгур Сејфетин
Елиф Искендер Бесиме
Ханде Сорал Азелија
Хилми Џем Интепе Јусуф
Ебру Хелваџиоглу Неџмије
Пинар Чаглар Генчтурк Муневер
Гунес Хајат Гулмисал-калфа
Хлија Гулшен Ирмак Дилбер-калфа
Алптекин Серденгечти Левент
Елиф Сумбул Сутлу Нурије
Су Кутлу Мишел
Еге Кокенли Мари
Есра Килич Фелике

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]