Длабокото сино море
„Длабокото сино море“ (англиски: The Deep Blue Sea) – филм на режисерот Теренс Дејвис (Terence Davies) од 2011 година. Дејвис е автор и на сценариото, засновано на истоимената драма на славниот битански драмски писател Теренс Ретинген (Terence Rattigan). Главните улоги ги играат: Рејчел Вајс (Rachel Weisz), Том Хидлстон (Tom Hiddleston) и Сајмон Расел Бил (Simon Russell Beale). Во 2013 година, на 70. доделување на наградите „Златен глобус“, Вајс била номинирана за најдобра глумица во главна улога, а Здружението на њујоршките филмски критичари ја прогласилo за најдобра глумица во 2012 година.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Хестер Колиер (ја игра Вајс), сопругата на судијата во Високиот суд, сер Вилијам Колиер, на прв поглед има сè во животот. Меѓутоа, наспроти тоа, таа се заљубува, го остава мажот и заминува да живее со еден млад човек, поранешен пилот на РАФ...