Die Toten Hosen

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ди тотен хозен)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ди тотен хозен.

Ди тотен хозен или оригинално на германски Die Toten Hosen е панк-рок група основана во Диселдорф, Германија во 1982 година.[1] Името на групата буквално значи „мртви пантолони“. „Мртви пантолони“ всушност е жаргон во германскиот јазик кој означува нешто „ужасно досадно“.

Историја[уреди | уреди извор]

Групата ја основале во 1982 година и е основана од страна на Кампино (правото име на Андреас Фреге), Андреас фон Холст, Андреас Мојрер, Михаел Брајткоф, Трини Тримпоп (правото име на Клаус-Петер Тримпоп) и Валтер Новембер. Пред оснивањето на групата тие свиреле во групата Зетка. Истата година го објавуваат свој прв сингл Wir sind bereit, потоа следи сингл Reisefieber. Валтер Новембер групата ја напушта во 1983 година за да стане Јеховин сведок. Потоа следи сингл Eisgekühlter Bommerlunder и првиот албум Opel-Gang.

Тримпоп ги напушта во 1985 година и станува менаџер, а тапаните ги презема Јакоб Којсен, а потоа во 1986 година Волфганг Роде. Во периодот од 1982 до 1987 групата објавила три студиски албуми. Комерцијалниот успех на групата го постигнуваат во 1988 година со четврти албум Ein kleines bisschen Horrorschau.Со почетокот на деведесетите години од двадесетиот век групата починува активно да се ангажира против расистичкиите и фашистичките движења. Волфганд Роде во 1999 година ја напушта групата, а наместо него доаѓа Фом Ричи. во периодот од 1988 до 2008 групата објавила девет студиски албуми.

Дискографија[уреди | уреди извор]

  • 1983 — Opel-Gang
  • 1984 — Unter falscher Flagge
  • 1986 — Damenwahl
  • 1988 — Ein kleines bisschen Horrorschau
  • 1990 — Auf dem Kreuzzug ins Glück
  • 1991 — Learning English Lesson One
  • 1993 — Kauf MICH!
  • 1996 — Opium fürs Volk
  • 1998 — Unsterblich
  • 2002 — Auswärtsspiel
  • 2004 — Zurück zum Glück
  • 2008 — In aller Stille
  • 2011 — Ballast der Republik

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]