Дијатрета (Таранеш)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дијатрета претставува артефакт т.е. дијатрета, која е ископана на наоѓалиштето Таранеш, кај дебарското село Селокуќи. Ја пронашол археологот Милан Ивановски, во римски гроб - циста. Оваа дијатретата е од „келнски тип“, што значи дека е најбогато украсена.[1] Потекнува од 4 век.

Особености[уреди | уреди извор]

Чашата има основа на пехар и е изработена од белузлаво стакло. Околу основата има мрежест дел направен од малахитно-зелено стакло. На врвот има чешлести орнаменти, а на крагната, кафено-умбра стакло, на кое е испишан натпис со букви од зелено стакло. Основата на чашата е во форма на шестлисна розета. Во светот се пронајдени вкупно 21 чаша дијатрета, две од нив на територијата на Дарувар, Хрватска, и во муниципиумот Комини С, кај Дукља, Црна Гора.

Гробот го пронашол селанец орајќи ја својата нива. Дијатретата била цела, неоштетена, но при вадењето, селанецот видел череп, се исплашил, и го фрлил назад во гробот. Така била искршена и стаклената чаша. Чашата се чувала во депото на Музејот на Македонија, а од 2014 година, откако е вратена од конзервација во Конзерваторскиот институт при Римскиот музеј во Мајнц, е во редовната поставка на Археолошкиот музеј.[2]

Во гробот е пронајден исклучително богат инвентар: крстовидна фибула со натпис, масивно излиена од сурово злато во комбинација со техника ниело, сребрена кана (вид бокал), сребрена чинија со позлата, богато украсена, две стаклени тоалетни шишиња и друго. Крстовидната фибула укажува дека покојникот имал висок ранг во општеството. Само големец можел да си дозволи да поседува вакви предмети. Можеби бил цариник, оти гробот се наоѓа токму на границата меѓу две тогашни провинции.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Дијатрета - вид на античка чаша
  • Таранеш - археолошкото наоѓалиште каде е пронајдена дијадретата

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. За римската дијатрета
  3. Vera Bitrakova Grozdanova, Vlado Malenko (1997). Antički nakit vo Makedonija: VI vek pr.n.e.- VI vek n.e. Ǵurǵa. ISBN 9789989676451. Архивирано од изворникот на 2010-12-16. Посетено на 2011-02-28.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]