Диспозиција (налог)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Договорот за шпедиција се склучува со диспозиција (налог) на комитентот или на шпедитерот. Зборот диспозиција на комитентот не означува само понуда, туку и секој акт со кој комитентот му издава упатства на шпедитерот, дури и по склучувањето на договорот. Покрај тоа и при склучувањето на договорот, таа не мора да ја означува неговата понуда туку негово прифаќање на понудата од шпедитерот.